Драматично спасување: Маж поминал 6 часа заглавен во тесна пештера, развил хипотермија, се подготвувал да умре внатре
- Детали
- вторник, 26 мај 2026
Пред десетина дена, во пештера во државата Њујорк, маж се заглавил додека минувал низ тесен премин. Цели шест часа спасувачките екипи не можеле да го извлечат, а поради ниската температура и влажноста на воздухот, развил хипотермија. Па, почнал да се подготвува да умре таму.

Дури и да немате клаустофобија, сигурно не би се чувствувале пријатно ако се заглавите во тесен простор.
Ако, пак, почнете да мислите дека е невозможно да излезете, ќе почне да настапува и паника.
Поради ова, повеќето луѓе избегнуваат самите да се стават во вакви ситуации, но постојат и „адреналински зависници“ кои се подготвени да си го ризикуваат животот.
Во ваква положба се нашол маж од Њујорк кој пред десетина дена се заглавил во пештера.
Мажот, чиј идентитет е скриен, поминал цели шест часа во тесниот премин и развил хипотермија, додека спасувачките екипи трпеливо ја проширувале пештерата за да го извлечат на безбедно.
Инцидентот се случил на 17-ти мај, во пештера позната како Мерлинс, лоцирана во државата Њујорк.
Пештерата е отворена за јавност, но може да се посетува само со искусен водич кој го познава теренот.
На околу 400 метри од влезот на пештера, има многу тесен премин, познат како The Beartrap (стапица за мечка).
Авантуристот и групата со којашто ја истражувал пештерата поминале низ преминот, но тој се заглавил.
Еден од групата веднаш се упатил кон излезот од пештерата за да повика помош, додека останатите тројца останале, за да не го остават сам.
Поминале два и пол часа пред помошта конечно да стигне, а на спасувачката екипа потоа ѝ требале уште 20 минути за да стигне до заглавениот маж во пештерата.
Главниот шумски ренџер на областа детално го опиша драматичното спасување.