Драматично спасување: Маж поминал 6 часа заглавен во тесна пештера, развил хипотермија, се подготвувал да умре внатре

„Беше заглавен повеќе отколку што мислев. Изгледаше како целото негово тело да е заглавено во празнина со иста форма како него“, споделува ренџерот Џон Гулен.

dramatichno-spasuvanje-mazh-pominal-6-chasa-zaglaven-vo-tesna-peshtera-razvil-hipotermija-se-podgotvuval-da-umre-vnatre-04.JPG

Температурата во пештерата била околу 10 степени Целзиусови, а влажноста на воздухот – 100%. Па, ова го направило целото спасување малку потешко.

Заглавениот маж не можел воопшто да се движи, а поради влажноста и ниската температура, почнал да развива хипотермија.

Поради начинот на којшто бил заглавен, пак, не можеле да го покријат со ќебе и да го стоплат.

„Времето беше многу важен фактор. Ќе требаше да преземеме поагресивни мерки за да го стоплиме ако не можевме да го извадиме“, споделува ренџерот.

dramatichno-spasuvanje-mazh-pominal-6-chasa-zaglaven-vo-tesna-peshtera-razvil-hipotermija-se-podgotvuval-da-umre-vnatre-02.JPG

Најпрво спасувачите пробале да го извлечат мажот од преминот, но по два часа, успеале да го поместат само 20-тина сантиметри.

Дел од карпата во преминот му ги притискала ребрата и грбот и затоа не можеле само да го извлечат.

Поради ова, спасувачите решиле дека ќе треба да ја отстранат карпата која го држи заглавен во преминот.

dramatichno-spasuvanje-mazh-pominal-6-chasa-zaglaven-vo-tesna-peshtera-razvil-hipotermija-se-podgotvuval-da-umre-vnatre-03.JPG

Делови од оваа пештера се нестабилни и се забранети за јавност. Иако овој премин се сметал за релативно стабилен, кога ќе почне да се дупчи и да се крши, секогаш постои можност да настане проблем.

Па, како што споделува ренџерот, мажот психички се подготвил за најлошото, но и за фактот дека спасувањето можеби ќе трае со денови.

dramatichno-spasuvanje-mazh-pominal-6-chasa-zaglaven-vo-tesna-peshtera-razvil-hipotermija-se-podgotvuval-da-umre-vnatre-7.JPG

За среќа, по само 20 минути, спасувачите успеале да ја отстранат малата карпа, а мажот успеал да се протне низ преминот.

„Беше заглавен вкупно шест часа, без можност да мрдне во ниту една насока. За повеќето луѓе, ова е најлошиот кошмар. Но, тој си го задржа позитивниот став“, додава ренџерот.

Не секој ја има среќата на Американецот и сличен ваков инцидент од 2009 година заврши со трагедија.

Џон Едвард Џонс од САД ја истражувал пештерата Nutty Putty која беше позната по екстремно тесните премини.

Се заглавил во многу лоша положба, свртен наопаку, и по 28 часа во таа положба починал.

Спасувачите не можеле да го извадат ни неговото тело, па на крај ја затвориле пештерата со цемент и таа станала негово вечно почивалиште.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава