Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токму пред Светското првенство таму
Помалку од една недела подоцна била најдена и третата жртва чиј идентитет е познат.
Станува збор за 25-годишна девојка која била прогласена за исчезната на 29-ти април. И таа имала повреди на главата и на лицето.
Минатата недела, надлежните од Пуерто Ваљарта изјавија дека убиствата не биле поврзани.
Но, портпаролката смета дека со оваа изјава пробуваат да ја спречат паниката кај јавноста, но и да го заштитат угледот на градот.
„Мислам дека ми е јасно зошто од полицијата веднаш ја отфрлија теоријата за сериски убиец – бидејќи, за жал, веќе ја има и во светски медиуми.
А, ова го прикажува нашиот град во многу лошо светло. Можеби пробуваат да се спасат од негативната репутација што нашата општина ја добива моментално“, вели таа.
Годинава сојузната држава во којашто се наоѓа градот навистина се прикажува како опасно место.
Во првите пет месеци од 2026-та, во градот биле убиени вкупно пет жени.
Потоа, овде е убиството на наркобосот Ел Менчо од февруари годинава.
Тој беше убиен во друг град кој се наоѓа во истата сојузна држава, а убиството резултираше со вистинска војна на улиците помеѓу неговиот картел и полицијата.
Немири имаше и во Пуерто Ваљарта, каде што туристите беа советувани никако да не излегуваат на улиците.
Во вооружениот судир, загинаа над 60 лица во сојузната држава.
Што се однесува до можниот сериски убиец, истрагата уште е во рана фаза.
Полицијата ја истражувала и можноста жените да се убиени на друго место, а потоа нивните тела да биле донесени во Пуерто Ваљарта.
Спирова С. | Црнобело