Вирално драматично видео: Млад спасувач на плажа го ризикува животот за да извлече дете - брановите речиси го дават

Ваква младина сакаме! 16-годишен спасувач на плажа им одржа лекција на сите. Не се откажа и го спаси 10-годишното момче што се давеше на плажа во Калифорнија. Не се предаде пред монструозните бранови...

viralno-dramatichno-video-mlad-spasuvach-na-plazha-go-rizikuva-zhivotot-za-da-izvleche-dete-branovite-rechisi-go-davat-01.jpg

Драматично видео од спасување на плажа во Санта Круз, Калифорнија, кога дете беше повлечено од силните, речиси цунами-бранови стана вирално.

Храбар тинејџер спасител, на 16-годишна возраст, се фрли во опасното море и го ризикуваше сопствениот живот.

Спасителот, за кого сведоците, за американските медиуми, велат дека направил едно од најхеројските спасувања што некогаш го виделе - бил идентификуван како 16-годишен средношколец.

Жена што на социјалните мрежи се претставила како мајка на тинејџерот изјавила дека спасителот се вика Рајдер, а се верува дека детето што Рајдер го спасил има околу 10 години.

viralno-dramatichno-video-mlad-spasuvach-na-plazha-go-rizikuva-zhivotot-za-da-izvleche-dete-branovite-rechisi-go-davat-02.jpg

Видеото од страшното спасување покажува како повеќе посетители на плажата, заедно со уште еден спасител, се обидуваат да влезат во водата, но веднаш изгледале како да се совладани од огромните бранови.

Брановите го покривале Рајдер, но тој изгледа како внимателно да зема воздух пред секој нов удар на брановите и пред повторно да се најде под нив.

Секој пат кога излегува на површина, сè уште цврсто го држи детето.

На крајот, спасителот успеал да го извлече момчето на брегот. Според NBC Bay Area, детето било повторно соединето со своето семејство и било прегледано од медицински екипи.

Сведоци кои коментирале на видеото рекле дека борбата со брановите траела многу подолго отколку што се гледа во снимката, додавајќи дека Рајдер никогаш не го пуштил детето и покрај опасните услови.

Погледнете го виралното видео, кое за среќа добро завршило:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...

Најчитани неделава