Големи африкански полжави во поход на Средна и Јужна Америка

golemi-afrikanski-polzavi-vo-pohod-na-sredna-i-juzna-amerika

Големите африкански полжави долги десетина сантиметри, ги освојуваат областите на Средна и Јужна Америка и на Флорида, размножувајќи се со огромна брзина.

Научниците предупредуваат дека овој вид полжави се наоѓаат на листата од стотината најинвазивни видови во светот којашто ја состави Меѓународната унија за заштита на животните.

Африканските полжави полова зрелост достигнуваат по една година и почнуваат да произведуваат по 200 до 300 јајца месечно што доведува до „заразување“ на големи области за кусо време, пишува во петокот BBC.

Само во еден град во Колумбија, во Буенавентура, повеќе од осум тони полжави се собрани од почетокот на нивната инвазија пред две години. Во Еквадор проблемот е толку рашиен што веќе африканскиот гигантски полжав е регистриран во повеќе од половината од 24-те покраини во земјата, вклучувајќи го и архипелагот Галапагос.

Полжавот на полињата претставува вистинска катастрофа за земјоделието а во градовите го уништуваат малтерот од ѕидовите, и предизвикуваат лизгави делови на коловозите. Покрај тоа, може и да бидат смртоносни бидејќи пренесуваат пазарите опасни за луѓето коишто низ системот за варење на храната се пренесуваат во крвотокот, доаѓаат до мозокот и предизвикуваат негово воспаление.

На територијата на Средна и Јужна Америка веќе се забележани и смртни случаи. Научниците предупредуваат дека за да се зарази човекот доволно е само да се допре полжавот или неговата слузава трага па потоа да се допре и храната и предупредуваат дека е потребно добро са се мијат земјоделските производи како што се салатите за да се спречи внесувањето на паразитите коишто ги има во плунката што ја лачат полжавите.

На Флорида во 1960-тегодини биле потрошени милион долари за нивно уништување, откако едно момченце на баба му како подарок од Хаваите и’ донел три полжава, а таа ги фрлила во градината каде што се размножиле и почнале да се шират низ целата сојузна држава. Новата инвазија започна во септември 2011 година и сега се уништуваат со мамки со железни фосфати, па со плакати се повикува населението и рачно да ги уништува.

03.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...

Најчитани неделава