Францускиот пливач без екстремитетите го заврши пливањето околу светот

francuskiot-plivac-bez-ekstremitetite-go-zavrsi-plivanjeto-okolu-svetot-1

Пливачот од Франција, Филип Круазон, кому пред 16 години му се ампутирани рацете и нозете, пливаше меѓу американскиот остров Мал Диомид и неговиот руски „имењак“ Голем Диомид, со тоа завршувајќи го своето патешествие околу светот, коешто започна во мај.

Како што пренесе во саботата францускиот телевизиски канал RTL, Филип Круазон  останал без екстремитети откако доживеал извонредно моќен струен удар. Тогаш лекарите морале да му ги ампутираат и двете раце и двете нозе. Меѓутоа, Филип не ја изгуби силата на духот и со помош на специјално дизајнирани протетски помагала одлучи да се справи со навидум невозможното: симболично да ги поврзе петте континенти, препливувајќи ги теснеците и каналите коишто ги раздвојуваат.

francuskiot-plivac-bez-ekstremitetite-go-zavrsi-plivanjeto-okolu-svetot-2

Овој подвиг Круазон го најави во април 2012 година, а уште во мај започна со неговото остварување.

Пред препливувањето на последната етапа од САД до Русија, Филип Круазон претходно преплива од Папуа Нова Гвинеја до Иднонезија, соединувајќи ги Океанија и Австралија, потоа го мина Црвеното Море, со што ги поврза Африка и Азија, како и теснецот Гибралтар, кој ја дели Европа од Африка.

francuskiot-plivac-bez-ekstremitetite-go-zavrsi-plivanjeto-okolu-svetot-3

Ноќта кон саботата Французинот го заврши своето патување од САД до Русија, поврзувајќи ги Азија и Америка. Својот потфат за поврзувањето на петте континенти, Круазон, како и што планираше, го заврши пред почетокот на Параолимписките игри во Лондон 2012 година.

18.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...

Најчитани неделава