Инспектор понижи беспомошно момче од улица (видео)

Видеото кое беше објавено на друштвените мрежи предизвика  бурни реакции од страна на Мексиканците, бидејќи се прикажува како еден градски инспектор понижува сиромашно момче кое улично продава слатки и цигари.

inspektor-ponizi-bespomosno-momce-od-ulica-video-01

Снимката е сведок како едно 10-годишно детенце неутешно плаче, додека инспекторот од плетената корпа му ги вади работите од кои тој заработува.

Најверојатно штетата на цигарите која му ја направи инспекторот е 10 пати поголема отколку дневната заработка на детенцето.

За среќа, се најде еден храбар човек и само што ја виде целата ситуација, откако инспекторот замина, му помогна да ги врати сите слатки назад во корпата, но сепак детенцето клекна, со раце ја покри главата и неутешно плачеше.

По објавата на ова видео, јавноста остро ја осудила постапката на градскиот инспектор. Иако во Мексико е забрането малолетници да продаваат или купуваат цигари, сите се сложуваат дека инспекторот ги преминал сите граници.

Неколку дена подоцна инспекторот бил приморан да го напушти работното место, а  гувернерот на државата Табаско потпишал стипендија за ова детенце кое според првичните информации живее со бабата и дедото, а сакал да дојде во градот за да заработи за училишен прибор.

Би можело да ве интересира:

„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Доста ги фалите!“ - Мрачната страна на Швајцарците - шетаат излитени, дома им е хаос и се скржавци „Одaт по улица излитени, чудно облечени, децата им се секогаш со нос што тече и ...

Најчитани неделава