14-годишно момче ја загуби битката со ракот, но остави песна што ја пее петилјаден хор

Адам Мордекеј пишува лични искуства и истражувања на еден веб сајт каде ги раскажува приказните за кои дознава или ги добива од неговите читатели како предлози.

14-godisno-momce-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-no-ostavi-pesna-sto-ja-pee-petiljaden-hor-01

Една таква приказна е и тажната приказна за тинејџерот Зак Собиех кој тој случајно го открил. Напишал една статија со воодушевување за неговиот музички талент и борбата со ракот.

За жал, следната статија која ја напишал немала среќен крај, но заслужува да ја прочитате за да сфатите колку вреди човечкиот живот и дека покрај сè треба да се трудите да бидете запаметени.

Ова е неговата приказна:

Во мај 2013 година, мојот живот се измени засекогаш. Еден фан ми напиша писмо за да ме извести дека Зак Собеих, музичар тинејџер за кој јас еднаш пишував, починал од редок вид рак. Зак напиша песна „Clouds“ како подготовка за неговата смрт.

Болеста ми добро позната и веќе сум навикнат. Со оглед на тоа што изгубив многу луѓе вклучувајќи го и мојот татко, мајка ми сè уште го држи под контрола, а моето дете веројатно ќе треба да направи чудо за да го избегне.

Денот кога почина Зак, се обидов на интернет да најдам повеќе видеа и податоци во негова чест и за убав спомен. Тогаш открив неверојатен документарец за неговиот краток, но убав живот.

Поминав цел ден плачејќи, навраќајќи се на спомените и сеќавањата од умирањето на татко ми и знаев дека може уште многу луѓе да настрадаат од истото.

Никогаш не можеш да знаеш што те очекува додека не изгубиш некој близок. Зак беше свесен за својата болест, но наместо да чека да дојде судниот ден, тој реши да го искористи својот талент и да стане рок ѕвезда.

14-godisno-momce-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-no-ostavi-pesna-sto-ja-pee-petiljaden-hor-2

14-godisno-momce-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-no-ostavi-pesna-sto-ja-pee-petiljaden-hor-3

Кога ја објавив неговата приказна почнаа да ми пишуваат луѓе од целиот свет. Да ми ги раскажуваат нивните случаи за драги луѓе, родители кои загубиле деца во битката со ракот и сите кои сочувствуваа со приказната.

Неговите родители отворија и хуманитарен фонд во кој се собираат средства за децата болни од рак. Неговата песна „Clouds“ стана прва песна од независен артист кој бил на врвот на „iTunes music charts“. Запознав и голем број луѓе кои го познавале и го сакале.

14-godisno-momce-ja-zagubi-bitkata-so-rakot-no-ostavi-pesna-sto-ja-pee-petiljaden-hor-1

Тажен сум што јас никогаш не го запознав, но среќен сум што 5.000 луѓе кои го познаваа се собраа заедно и формираа огромен хор среде трговски центар во Америка. Тие ја пееја неговата песна „Clouds“ која дебитираше пред една година.

Погледнете го видеото и ќе бидете трогнати:

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...

Најчитани неделава