Празнично чудо: Донација која го спаси животот на двајца неразделни пријатели

Бездомникот Стив Антониј има еден единствен и најверен пријател со кој го дели студените ноќи во Калифорнија - кучето Ривер. Неговиот свет за малку во потполност ќе се срушел кога неговиот пријател бил удрен од кола, а возачот го оставил да умре на улуца.

praznicno-cudo-donacija-koja-go-spasi-zivotot-na-dvajca-nerazdelni-prijateli-01

Меѓутоа, Стив не ни претпоставувал дека еден случаен минувач може да ја промени неговата животна приказна.

За среќа, жената која минувала покрај нив, видела како возачот кој го удрил Ривер побегнал, па застанала да помогне и го однела Стив и неговиот пријател кај ветеринар.

Видов дека е целосно раскрвавена. Мислев дека мојата Ривер нема да преживее. Но, Џенифер Мартин беше нашиот ангел, раскажува Стив.

praznicno-cudo-donacija-koja-go-spasi-zivotot-na-dvajca-nerazdelni-prijateli-02

Џенифер застанала, му помогнала на Стив да ја тргнат Ривер од улицата, а потоа се упатиле кон ветеринарот. Само неколку часа подоцна започнала и хуманитарна акција на Фејсбук.

Во соработка со добротворната организација Честер, за само 2 дена се собрани над 9.000 долари, што било сосема доволно операцијата да биде покриена, а останатите пари да бидат уплатени во мотел, каде неразделните пријатели ќе бидат сместени.

Стив е импресиониран и трогнат од фактот дека илјадници луѓе имаат желба да му помогнат.

- Ви благодарам на сите, Ривер е добро! Ве молам донирајте во Честер фондацијата за да им помогнете и на другите на кои помошта им е неопходна, порачува Стив.

praznicno-cudo-donacija-koja-go-spasi-zivotot-na-dvajca-nerazdelni-prijateli-03

Чудата се возможни! Не ја пропуштајте секоја шанса да го разубавите туѓиот ден!

Би можело да ве интересира:

Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Емотивно видео: Бездомно куче „украде“ играчка од продавница, луѓе собраа пари за да му ја купат Во емотивно видео што се споделува вирално, се гледа бездомно куче кое зело игра...

Најчитани неделава