Проштално писмо од една мајка пред да си го одземе животот

Ова писмо е анонимно од разбирливи причини што е вистинито и премногу тешко за да се откријат идентитетите.

prostalno-pismo-od-edna-majka-pred-da-si-go-odzeme-zivotot-01

Сепак, ретко се случува да биде објавено нешто толку трагично и интимно.

Можеби некому дава храброст, поддршка или сочувство. Понекогаш треба да знаеме да се соочиме со трагедиите и да го извлечеме најпозитивното од нив, колку и да го нема.

Таков пример е и ова писмо кое мајката ѝ го оставила на својата ќерка неколку години пред да се самоубие.

Таа била психички болна и во тешка депресија, често деновите ги минувала во ментални и душевни болници.

Не можејќи да ја поднесе постојаната болка и тагата која им ја создавала на своите 3 деца и сопругот, во момент на свесна состојба одлучила прво да напише писмо до својата најстара ќерка, а подоцна и да си го одземе животот.

prostalno-pismo-od-edna-majka-pred-da-si-go-odzeme-zivotot-1

„Никој не е виновен. Ниту ти, ниту татко ти, ниту Ана или Кен. Те молам, не ги поминувај деновите размислувајќи каде си погрешила или што лошо си направила.

Имав добар живот со добри луѓе. Те сакам толку многу што не можам да најдам доволно зборови за да ти го напишам тоа.

Тоа што те напуштам нема никаква врска со мојата љубов кон тебе. Се надевам дека нема да ме мразиш за ова.

Сакам да бидеш добра личност. Сакам да знаеш дека добрите денови секогаш доаѓаат. Грижи се за брат ти и за сестра ти, татко ти ќе биде добар.

Не ги троши деновите жалејќи за мене, туку потроши ги да живееш за себе. Не заборавај дека можеби тие денови ти се последни, па направи ги поинакви.

Бори се секогаш кога можеш, но прифати ги промените кога е потребно. Она што го имаш овде е само еден момент во бесконечноста на животот. Направи го да вреди, но не дозволувај да ти остане на рамената и да те завлече надолу.

Моли се за работите, но не го обвинувај Бог. Во ред е ако си повредена, дозволено ти е. Не ги следи овие мои стапки.

Јас не го правам ова затоа што те мразам или затоа што сум себична. Го правам ова бидејќи сум многу болна и ова е единственото решение, порано или подоцна. Јас одбирам сега. Ова е единствениот одговор.

Се надевам и се молам со секој пулс во мене дека тоа нема да биде и твој одговор, но ако некогаш е, кажи им на луѓето што ги сакаш дека навистина ги сакаш.

Те сакам и жал ми е. Биди добра."

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава