Неуспешна измама: Титаник не потонал, еве што се случило...

Писателот Робин Гарднер за прв пат ја објави теоријата на измама во својата најнова книга, во која тврди дека Титаник и неговиот сличен брод Олимпик се заменети. Тој тврди дека на дното на Атлантскиот Океан не лежи Титаник.

neuspesna-izmama-titanik-ne-potonal-eve-sto-se-slucilo-01

Најголемиот брод во светот пред 100 години беше Титаник, за кој многумина тврдеа дека е невозможно да потоне.

Сепак, на 15 април 1912 година се случи спротивното - Титаник удри во парче мраз и потона, а животот го загубија 1.517 луѓе.

Гарднер тврди дека има собрано огромен број на документи и фотографии кои ја докажуваат неговата издржливост и истакнува дека се се поклопува според изјавите на преживеаните.

- Преживеаните опишаа каде шетаа по палубата, но на тоа место, според нацртот на бродот, предвидено е да има кабини. Тоа е затоа што ништо од наведеното не се случувало на Титаник, изјавил Гарднер.

Писателот тврди дека патниците пловеле на Олимпик, а не на Титаник. Мотивот за замената лежи во економските проблеми.

neuspesna-izmama-titanik-ne-potonal-eve-sto-se-slucilo-02

Инвеститорот и сопственикот на Вајт Стар Лајн наводно бил западнат во голема економска криза. На него е извршен притисок да ја финансира поправката на Олимпик, кој бил оштетен во несреќа со друг брод, а затоа што трошоците не сакале да ги покријат осигурителните компании, тој се одлучил за ваков чекор.

За компанијата Вајт Стар да добие пари од осигурувањето, Олимпик би требало да исплови наместо Титаник и во еден момент да потоне. Бродовите за спасување биле добро испланирани така што ќе бидат доволни за да се спасат сите патници и членовите на екипажот.

Испланирано било во близина да има и други бродови кои ќе им бидат од помош. Сепак, планот малку се променил...

- Многу патници го опишуваа целото искуство и како што бродот удрил во карпата мраз почувствувале тресење. Но, ако подобро размислите, брод со големина на Титаник ако удри со брзината со која се движел, сите на бродот би паднале затоа што силата на ударот би била многу поголема, објаснува храбриот писател.

Титаник до крајот на својата “кариера” пловел како Олимпик за измамата да не биде откриена.

Ако се запрашате како е можна замената на два огромни брода, возможна е во ретки случаеви како овој, каде Олимпик и Титаник се сестрински бродови чии разлики се многу мали.

Целата приказна која “засекогаш ќе ја промени историјата”, Гарднер ќе ја објави во документарниот филм кој е во моментална изработка.

neuspesna-izmama-titanik-ne-potonal-eve-sto-se-slucilo-03

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава