Моден експеримент: На работа се појавила облечена како Бијонсе (фото)

Една уредничка во американскиот магазин Ел, Рут Фридлендер, одлучи да направи мал експеримент - се појавила на работа облечена како Бијонсе на доделувањето на Греми наградите.

moden-eksperiment-na-rabota-se-pojavila-oblecena-kako-bijonse-foto-01

Таа нема секси перформанс, не е жена на Џеј Зи, нема совршено тело, ниту вокални способности, но сепак решила да изгледа гламурозно.

Работното утро на Рут започнало во 8 часот, кога облекла комбинезон од тантела со црно боди и вртоглаво високи потпетици. Ја средила косата, се нашминкала и собра доволно храброст таква да излезе низ улиците на Њујорк, во сред зима.

-Излегов како и обично, застанав до Старбакс да земам кафе, одев со метро до работа, влегов во канцеларија, го сретнав шефот и средив неколку текстови.

moden-eksperiment-na-rabota-se-pojavila-oblecena-kako-bijonse-foto-02

Неа најважна и била реакцијата на луѓето. Прво била зачудена како никој не ја погледнал во Старбакс, или барем добро се преправале, затоа што сепак тоа е Њујорк каде сите се навикнати на сè што може да постои.

Но, забавата започнала кога еден дечко и се заблагодарил за тоа што му го разубавила утрото. Исто како и еден случаен полицаец кој и дал одобрување и пофални зборови.

На пат кон работа младо момче ја фотографирало со телефон, а уште неколку млади девојки ја поздравиле со насмевка.

Кога влегла во метрото, во 10 часот наутро облечена само во тантела и боди, катрицата за метро не работела. Тогаш слушнала „Ние ќе те пуштиме! Бесплатно метро за Бијонсе!“ Забавна шега од уште една група полицајци.

moden-eksperiment-na-rabota-se-pojavila-oblecena-kako-bijonse-foto-03

„Се чувствував секси и сигурно во своето тело. Ми се допадна да ги засмејувам луѓето и да ги изненадувам со својата појава. Секако ме плаши кога ќе видам чудни мажи со огромни насмевки, но сепак прекрасно се чувствував кога дечкото ми се заблагодари заради тоа што сум му го разубавила денот. На крајот од денот, се вратив дома и се стуткав во омилениот џемпер. Утре дента сепак решив дека косата и шминката ќе ги задржам, но тантелата и корсетот ги заменив со тесни панталони и кошула. Благодарение на овој експеримент сфатив дека изгледам феноменално“заклучила Рут.

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава