Го пишувам ова со солзи во очите: Тажната разделба од мојот најдобар пријател

Полицаецот Кристофер Косика од Масачустес се збогуваше од својот верен пријател и колега, кучето Данте пред само неколку часа. Додека во колатаго чекал конечното збогум, напишал емотивно писмо за неговиот партнер со кој поминал речиси цела деценија.

go-pisuvam-ova-so-solzi-vo-ocite-taznata-razdelba-od-mojot-najdobar-prijatel-01

„Секое утро кога ја отворав неговата врата од кукичката, тој скокаше на мене, ги ставаше шепите и ме прегрнуваше. Потоа трчаше низ скалите, ја букаше вратата и подготвени бевме за работа,“ започнува Кристофер со очи полни солзи.

Тажното писмо го пишува додека седи во колата и чека да го одведе Данте на заспивање.

„Сè започна кога еден ден го изнесов од куќичката, а тој беспомошно падна врз мене, без никаква контрола над своето тело. По голем број на тестови утврдено е дека боледува од хипертензија на белите дробови. Неговото срце е зголемено, а започнаа и нападите проследени со низок притисок во мозокот.

Доби еден од тие напади во дворот каде живееме, а јас само седнав на снегот и го прегрнав, трпеливо чекајќи да помине. Влеговме во куќата и ја погледнав сопругата и нашите две дечиња кои плачеа, затоа што беа свесни дека следува нешто за што не бевме подготвени.

Седам во кола, на паркингот и го пишувам овој посмртен говор, само неколку минути од нашата конечна дестинација. Драго ми е што ги преживеа празниците, а на мојата сопруга вчера и беше роденден. Не сакав да го паметам роденденот како ден кога го заспавме Данте.

Го пишувам ова додека се потсетувам на мојот партнер, додека секоја нова реченица буди нова тага. Очите ми се полни со солзи и ги оставам да течат. Данте седи на седиштето и ме гледа за последен пат додека го пишувам ова писмо за него,“ го завршува своето писмо Кристофер, збогувајќи се со својот пријател со кој го делел и доброто и злото нешто помалку од една деценија.

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
„Имате ли мозок?“ - Пар стана мета на осуда поради своето запросување „Личност што би направила вакво нешто и личност што би се омажила за неа – не тр...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...

Најчитани неделава