Почина најстариот човек

pocina-najstariot-covek-na-svetot-povekjeНајстариот човек на светот Хенри Алингем и еден од последните учесници во Првата светска војна, почина во 113-та година во дом за стари лица во...

...близината на Брајтон.

Алингем беше еден од двајцата последни војници од Првата светска војна во Британија. Другиот е Хари Печ. pocina-najstariot-covek-na-svetot

Во Франција нема живи учесници од Првата светска војна, додека во САД живее само еден - Френк Вудруф Баклс од Западна Вирџинија. Лани почина последниот германски војник од Војната, по него замина и единствениот Италијанец.

За четири децении тој ги закопа своите сеќавања од војната избегнувајќи ги собирите на ветераните и одбиваше да разговара за настаните од војната со семејството.

Но, во 2005 го убедија да го отвори меморијалот на РАФ во Франција. Алингем тогаш рече дека одбивањето би било непочитување кон неговите соборци.

Алингем се борел од почетокот до крајот на Војната. Доброволно се приклучил на британската војска во 1914 и работел како механичар во британската кралска воздухопловна морнарица.

Во 1916 година учествувал во поморската битка кај Јитланд, а следната година во битката за Сома.

Својата долговечност своевремено ја припишуваше на „цигарите, вискито и дивите, диви жени“.

Алингем имаше 5 внуци, 12 правнуци, 14 праправнуци и 1 пра-пра правнук.

Британскиот премиер Гордон Браун му оддаде почит на воениот херој нарекувајки го „извонреден карактер“.

Би можело да ве интересира:

Најпознатите сијамски близначки во светот шетаат со бебе, по гласините за бременост: Можат ли да доб... Аби и Британи Хенсел беа забележани со бебе, откако открија дека едната од нив с...
„Ова е бизарно“ - Инфлуенсерка објави фотографии како позира со ковчегот на починатата ќерка и стана... „Едвај дишев. Нозете ми се тресеа. Телото ми беше толку стегнато што мислев дека...
„Го злоупотреби“ - Слон бил офарбан розов, бизарниот потег на фотографка поттикна револт во Индија „Злоупотреби стар слон само за фотосесија. Слонот сега е мртов, а ти се обидуваш...
Следете во живо: Папата Лав ќе ја благослови Саграда Фамилија, на 100-годишнината од смртта на Гауди... Во февруари годинава, по повеќе од 100 години од почетокот на изградбата, конечн...
„Се дотерувам 2 часа за да бидам најубавата мајка кога го носам син ми на училиште - не сакам да бид... „И додека некои мајки се сосема задоволни да го однесат своето дете на училиште ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава