Продаден е најголемиот бисер во светот: Мислите дека вреди 800.000 фунти?
- Детали
- понеделник, 05 мај 2014
Овој неверојатен бисер кој веднаш го доби називот „Мајка на сите бисери“, пронајден е сосем случајно. Неговиот сопственик и не знаел дека е тоа вистински бисер, а уште помалку дека е најголем во светот.
Ова неверојатно дело на природата продадено е на аукција за фантастични 811.000 фунти.
Сопственикот на обетките на кои се наоѓал најголемиот бисер не знаел колку се тие вредни, па ги однел да ги проценат во една златара во Велика Британија. Острото око на златарот Џонатан Едвардс веднаш се посомневал дека е бисер, за кој можеби се смета дека е релативно безвредна изработка на човечка рака, а всушност неверојатно е огромно природно богатство. Затоа го испратил на понатамошна проценка во Швајцарија.
Тамошните искусни златари потврдиле дека се работи за најголемиот топчест природен бисер некогаш виден и дека има 33.14 карати. Тие исто така заклучиле дека се потребни околу 100 години за овој украс да се формира во внатрешноста на школката.
Во деновите пред големата аукција, која се одржа на 1. мај во Вилтшајр во Велика Британија, сите вљубеници во драгите камења наддавале цени за ова богатство.
Иако почетно се очекувало дека ќе биде продаден за околу 250.000 фунти, ова парче накит достигнало неверојатна цена од 811.000 фунти.
Така, навидум досадниот и безвреден пар обетки, станал вистинско светско чудо.
Би можело да ве интересира:





