Го победила ракот и станала милионерка – од хоби до бизнис

Алисон Абрунеирас (46) од Линколн , Англија успеала да го победи ракот на дојка. За полесно да се избори со болеста започнала на „E-bay“ да продава козметички производи. Ова хоби со текот на времето го претворила во милионски бизнис, па сега годишно заработува околу милион и двесте илјади евра.

go-pobedila-rakot-i-stanala-milionerka-od-hobi-do-biznis-01

Алисон се одлучила за он-лајн продажба иако немала ни потребно образование, ни искуство. Кога започнала со терапијата против ракот на дојка неопходно ѝ било некое хоби за да ги поднесе здравствените проблеми. Така, се одлучила за аукција на „E-bay“.

За шест години нејзината козметичка линија „Nail and Beauty Emporium“ станала вистински хит. Со тоа Алисон од козметичарка која неделно заработува околу 85 долари, станала милионерка.

Мајка е на три деца и досега во бизнисот ги има вклучено сопругот и една од ќерките, Корали (22).

-Кога ќе погледнам наназад, неверојатно е како сето тоа почна на мојот компјутер во спалната соба. Беше тешко, но сакам да им покажам на луѓето дека е возможно. Ако јас успеав, тогаш секој може да ја оствари својата цел – изјавила Алисон.

Продажбата секогаш ѝ била голема страст. На 11 години во продавницата на нејзиниот татко продавала козметички производи. Кога имала 21 година се заљубила во сопругот Амадор (47) и се преселила во Шпанија. Таму работела како козметичарка.

Пред девет години со него и трите деца се вратила во Велика Британија и продолжила да работи како козметичарка.

На 38 години Алисон заболела од рак на дојката. Морала да престане со работата. Спасот од ракот го пронашла во лумпектомија, масектомија и хемотерапија.

- Кога ќе заболите од рак, тоа ве поразува. Ја изгубив силата и станав депресивна – раскажува Алисон . – Не сакав мојот свет да биде исполнет само со ракот и хемотерапијата, па дознав за „E-bay“, хобито кое ми беше повеќе од потребно. Тоа беше големо освежување и возбуда.

go-pobedila-rakot-i-stanala-milionerka-od-hobi-do-biznis-1

- Прво купував различни работи, препарати за нега на стапала, кои подоцна ги продавав. Видов дека тоа носи профит. Она што јас го купував за 12 евра, подоцна го продавав за 36 евра.

Поради почетната заработка Алисон  чувствувала големо задоволство, па и откако завршила со лечењето и хемотерапијата сакала да продолжи со работата.

-Тогаш ми се роди голема желба за бизнис. Ги вложив сите пари во тоа. Купував козметички производи за 3.600 евра, ги сместив во спалната соба која стана моја канцеларија и за две недели ги продадов.

Хобито ѝ станало главна преокупација на Алисон. Се будела и заспивала со компјутерот. Нејзината работа со текот на времето станала главен извор за приходи, бидејќи нејзиниот сопруг ја изгубил работата.

Малиот семеен бизнис кој достигнал милионски приход, наскоро го проширила и на другите интернет страници за он-лајн продажба.

Сепак, иако е милионерка, Алисон не го променила начинот на живот. Останала да живее во истата куќа како и претходно, а единствениот луксуз кој си го дозволува од заработката се летувањата во Египет и на Флорида.

Алисон е пример дека без разлика на пречките, болеста, промените, секогаш постои можнете да почнете одново и да ги остварите своите соништа и желби.

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава