Ова е Тед. Денес му е роденден. Но, има нешто што не треба да се заборави
- Детали
- понеделник, 19 мај 2014
Тед е еден од оние посебни луѓе кои откако ќе ги запознаете, не можете да ги заборавите. Тој е роден во Пенсилванија, но одлучил да живее на Хаваите. Бил полн со таква енергија и страст што ги инспирира луѓето и ги привлекува да бидат покрај него.

Една девојка го запознала додека била на колеџот на Хаваи. Била импресионирана од неговата топлина и пријатен дух.
Токму таков сакала да им го претстави на сите. Затоа, споделила неколку фотографии со по некоја порака.
Ова е Тед

Не е многу едноставно да пронајдете некој како него.

Тој беше музичар...

Беше и глумец...

И авантурист

Роден е во Пенсилванија, но во потрага по авантура се досели на Хаваи

Тој беше од оние луѓе кои може да те променат.

Но, нешто се случи...

12 дена после неговиот 22-ри роденден излезе да се повози со својот нов мотор

За жал, пијан возач налета на него и засекогаш го згасна неговиот жив и ведар дух. Да беше жив денес ќе наполнеше 25 години.

Пијаниот возач дури и не забележал дека удрил во нешто. Толку многу бил пијан. Моторот и Тед биле под возилото речиси уште еден километар. Но, кога сето тоа се видело било предоцна.
Оваа приказна треба да ве исплаши, замисли и предупреди. Возењето во пијана состојба може да загрози уште многу животи. Возете свесно и одговорно.