Работниците на плантажи за какао првпат во животот пробуваат чоколадо (видео)

Сите уживаме во чоколадното задоволство од какао и речиси не можеме да си го замислиме денот без него.

reakcii-koi-ke-ve-raznezat-rabotnicite-na-plantazi-za-kakao-prvpat-vo-zivotot-probuvaat-cokolado-video-01

Но, не би го имале тоа скапоцено парче, ако некој не се грижи за неговата главна состојка, какаото.

Оние кои се главни „виновници“ за највкусното нешто живеат во далечни африкански земји, работат на плантажи, ги собираат и ги сушат зрната какао, па ги продаваат на богати сопственици на фабрики. Тоа е сè што знаат за нивниот производ. Понатаму не знаат што сè се прави од нивните зрна какао и какво задоволство се произведува.

Затоа, еден ден, еден новинар решил да им однесе чоколадо и да им овозможи првпат во животот да пробаат чоколадо.

Нивните реакции се неодоливи и сигурно ќе ви предизвикаат насмевка. Истовремено е и жалосно кога ќе видите колку се трудат и работат за да ги одгледаат зрната какао, а потоа немаат шанса да го пробаат главниот производ бидејќи за нив е премногу скап.

Тие заработуваат по 7 евра дневно, а таму чоколадото чини 2 евра, но тие прехрануваат семејства и со 15 членови.

Сепак, откако сега го пробаа сигурно нема да можат да му одолеат, па барем еднаш во месецот ќе се потрудат да си го дозволат најчоколадното уживање.

Погледнете го видеото за да ги видите нивните реакции:

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...

Најчитани неделава