Оживување на мртвите: Научниците пронајдоа начин да ја надмудрат смртта

Радикалната процедура која вклучува наизменично земање и вбризгување крв во речиси мртвото тело, би можело да ги врати во живот луѓето кои се на самиот раб на смртта, тврди научникот Дејвид Робсон.

ozivuvanje-na-mrtvite-naucnicite-pronajdoa-nacin-da-ja-nadmudrat-smrtta-01.jpg

- Кога вашата температура на телото би била 10 степени и кога не би имале мозочни или срцеви реакции, сите би се сложиле дека сте мртви. Јас би можел да ве вратам во живот, вели и научникот Питер од универзитетот од Аризона.

До сега се изведени неколку експерименти врз животни кои покажале дека е возможно телото да се држи во „суспендирана состојба“ неколку часа.

Целата процедура на оживување подразбира целосно празнење на крвта од телото и спуштање на телесната температура на 20 степени под нормалата. Потоа, крвта повторно се вбризгува, а телото постепено се загрева. Кога телесната температура достигне 30 степени, срцето започнува да чука.

- Интересно е што животните еден ден „по смртта“ се чувствуваат збунето, а веќе следниот ден се функционира потполно нормално, тврдат научниците.

Убивање на пациентот да му го спасат животот?

Самјуел Тишеран е третиот научник кој ја разбрани јавноста оваа година, кога соопшти дека е подготвен за експериментирање на човекот.

Првиот пациент би требало да е случајна жртва со тешки повреди кои би предизвикале губење на крвта и престанување на работата на срцето, што би значело дека овој метод е последна шанса за пациентот.

Самјуел објаснува дека повторното работење на срцето е само половина од работата. Многу е важно да се води сметка за нивото на кислород, кој всушност е најголемиот проблем.

Секоја секунда додека телото е во безживотна состојба, клетките не добиваат кислород и полека изумираат. За да се забави овој процес, неопходно е да се разлади телото.

И останатите доктори се оптимистички настроени кон овие тврдења. Тие веќе 2 децении собираат докази за безбедноста на оваа процедура и во главно вршеле експерименти врз свињи.

По пат на ладење на телото и повторно вбризгување на крв, речиси 90% од животните се вратиле во живот без никакви последици.

- Највозбудливиот момент е кога срцето повторно ќе зачука, велат научниците.

Би можело да ве интересира:

Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...

Најчитани неделава