Манекенка која е родена како машко конечно ја открива вистината

Трансродната манекенка Џина Росеро пред неколку месеци на TED конференцијата открила дека иако веќе 12 години успешно се занимава со манекенство родена е како машко.

manekenka-koja-e-rodena-kako-masko-konecno-ja-otkrila-vistinata-01

Тоа признание било болно и тешко, но за возврат добила овации и голема поддршка од публиката. Откако тоа го знаат над 2 милиони луѓе кои го виделе нејзиното видео, решила да објасни зошто токму сега го открива тоа.

Секој ден била во параноја, постојано постоел стравот за тоа што ако луѓето дознаат и како ќе реагираат. Дали ќе се разочараат и ќе ја напуштат пријателите? Тоа би ја уништило.

На прославата од нејзиниот 30. роденден веќе била сигурна дека сака да ја сподели вистината и дека има доволно храброст и сила да ги издржи последиците какви и да се. На нејзина голема радост и изненадување, добила поддршка и од модниот агент.

Со оглед на тоа што имала среќа да се роди на Филипините каде трансполовите лица не се ништо необично, тоа што е родена како момче, а се чувствувала како девојче не ѝ било забрането.

Сепак, одела во католичко училиште каде морала да носи машка униформа. Кога успеала да се пресели во Сан Франциско, каде што живеела нејзината мајка, направила операција за промена на полот и добила возачка дозвола на која била заведена како женско, тоа бил најважниот ден во нејзиниот живот.

Нејзината тенка фигура ѝ помогнала за брзо време да најде повеќе модни ангажмани, особено со компаниите за долна облека. Тоа била најголема потврда за нејзината женственост.

Подоцна се преселила во друг град каде можела целосно да заборави на своето минато и да се претстави како сосема нова личност. Сепак, била одлучна да биде искрена барем со момците со кои излегувала.

Сите имале различни реакции, но таа е храбра да продолжи понатаму додека не го најде оној кој ќе ја сака и прифати токму таква каква што е.


Ви се верува дека ваква убавица била машко?

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава