Таа има 96 години, вештачки колк и е најстарата инструкторка по јога во светот

Ништо не е невозможно. Што и да сакате да направите во животот треба само да знаете дека во вас е одговорот. Не дозволувајте никој да ви кажува дека сте стари за нешто“. – препорачува Тао Порчон Линч.

taa-ima-96-godini-vestacki-kolk-i-e-najstarata-instruktorka-po-joga-vo-svetot-01

Доказ за тоа дека јогата нè прави поздрави и помлади е 96-годишната Тао. Таа е најстарата инструкторка за јога во светот, а благодарение на тоа се нашла и во Гинисовата книга на рекорди во 2012 година.

Во што е тајната на нејзиноiт остар ум, здравиот дух и телото на прагот на 100-от роденден?

„Имам 96 години, танцувам и вежбам јога“, објаснила Линч.

Повеќе од 45 години, Линч патува, ги подучува луѓето за моќта на трансформацијата која ја има јогата, а со тоа се занимава во својот њујоршки Институт за јога кој го основала во 1982 година.

taa-ima-96-godini-vestacki-kolk-i-e-najstarata-instruktorka-po-joga-vo-svetot-1.jpg

Оние кои доаѓаат кај Тао да вежбаат, иако се со децении помлади од неа, велат дека таа е помлада од нив. За сите претставува инспирација.

Кога наполнила 85 години, сфатила дека јогата не ѝ е доволна, па почнала и со часови по танц.

„Таа е неверојатна, нема сомнеж за тоа. Дури ни јас не можам да ја следам“. – изјавува нејзиниот инструктор по танц.

Наспроти тоа што има вграден вештачки колк и што неодамна го скршила зглобот, Тао смета дека нејзината позитивност е она што ја одржува млада.

„Секое утро кога ќе се разбудам, не мислам што ќе правам денес или утре, што било, туку помислувам дека ова ќе биде најдобриот ден од мојот живот“. – открива баба Тао.

taa-ima-96-godini-vestacki-kolk-i-e-najstarata-instruktorka-po-joga-vo-svetot-2.jpg

До своите 50-ти години била глумица во Америка, Англија и Франција, а напишала и неколку сценарија за документарци кои лично ги продуцирала.

„Отсекогаш сум била ваква, уште како дете. Има толку многу работи што треба да се направат и ако само седиме без да правиме ништо, тоа сигурно нема да ни помогне. Она што е важно е да правиме сè за она што го сакаме. Само така е можно да се оствари“.

Погледнете како вежба 96-годишната Тао Линч:

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава