Таа има 90 години и сигурно се забавува подобро од вас!

Најзабавната баба на светот се вика Мари Лу Махани и има 90 години. Оваа кул бабичка од Мериленд станала вистински хит на интернет, откако биле објавени нејзините фотографии со разни авантури.

taa-ima-90-godini-i-sigurno-se-zabavuva-podobro-od-vas-01

Мари со својот пример покажува дека годините навистина се само бројка.

Патувала на сите континенти и може да се пофали дека била во преку 100 земји. Оваа супер бабичка исто така во својата биографија може да запише и некои прилично опасни авантури.

- Се возев со теренски возила низ африканските џунгли, со боб во Нов Зеланд, со балон во Австралија. Се искачив на  Змејското гнездо во Бутан, искусив парасејлинг во Грција и јавав коњи без седло во Аргентина. – раскажува Мари.

taa-ima-90-godini-i-sigurno-se-zabavuva-podobro-od-vas-1.jpg

Својата авантура ја започнала на 72 години кога го загубила мажот.

- Тој многу сакаше да патува, а ретко го правевме тоа. Но, откако почина одлучив дека мора да го видам светот. – искрена е баба Мари.

Иако е веќе во десеттата деценија од животот, неа не ѝ недостига инспирација за нови походи.

taa-ima-90-godini-i-sigurno-se-zabavuva-podobro-od-vas-4.jpg

- Едноставно, се будам секое утро и го сакам животот во целост. Мислам дека е фантастично кога гледам места од историско значење со сопствените очи.

Таа и не планира наскоро да запре, туку веќе има нова возбудлива авантура.

taa-ima-90-godini-i-sigurno-se-zabavuva-podobro-od-vas-2.jpg

- Сега ќе одам на крстарење на Карибите каде планирам да пробам зип-спуштање по јаже, а потоа одам да го истражуваме Бурма маало. – возбудено открива Мари.

Ако само ја слушате приказната, би помислиле дека ја раскажува 90-годишна бабичка?

taa-ima-90-godini-i-sigurno-se-zabavuva-podobro-od-vas-3.jpg

Како вие уживате во животот?

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...

Најчитани неделава