Започна Мовембер - месецот на машкото здравје!

11-та година по ред на светско ниво се организира Моември, месецот во кој мажите, со апсолутно потребната поддршка од понежниот пол, на еден прилично ортодоксен, а оригинален начин ја дигаат свеста и собираат средства со цел подобрување на здравјето кај мажите.

zapocna-movemvber-mesecot-na-maskoto-zdravje-01.jpg

За што се работи?

Група пријатели од Австралија пред 11 години во еден неврзан разговор за ретро модата и враќањето на трендовите си поставуваат предизвик да израснат мустаќи цел месец, да најдат луѓе кои ќе го спонзорираат нивниот „потфат“ и тие средства да бидат уплатени на фондации и организации кои работат на пронаоѓање на лек за ракот на простата. Уште две реченици со малку математика, доколку ова ви звучи смешно: првата година имало само 450 активисти (секој еден од нив познат како „Mo-Bro“, Мо-Бро, брат мустаклија) кои собрале 54.000 американски долари. Во 2013 во целиот свет 1.9 милиони активисти на Моември (Movember) собраа повеќе од 147 милиони долари. 

Како се работи?

Правилата на светско ниво се следни: 1-ви ноември е датумот на кој сите „мустактивисти“ ја бричат својата брада. Организаторите од Австралија како луѓе кои немале мустаќи и стекнале видливост после раснењето на бркот велат дека така треба да постапуваат сите. Сепак, дозволено е и полиберално толкување на правилата се додека сте видливи благодарение на мустаќите кои гордо ќе ги натопорите на вашето лице кое ќе зборува: се грижам за машкото здравје. Горди и намустачени, наоѓате „спонзори“ односно луѓе кои го куражат вашиот моемвриски потфат со уплаќање на средства на ваше име или на име на тимот, директно до сметката на Movember на глобално ниво. Парите без оглед каде се уплатени се распределуваат низ здравствени институции низ целиот свет со кои Мовембер има соработка и одат во фондации, организации и институции кои работат на наоѓање лек за рак на простата и ракот на тестиси и подобрување на менталното здравје на мажите.

zapocna-movemvber-mesecot-na-maskoto-zdravje-02.jpg

Како да се вклучам?

Секој кој сака да биде дел од движењето може да се регистрира на официјалниот сајт на Моември и да си направи кориснички профил на кој и се врши донацијата на средствата, директно во фондот на светската организација Movember која потоа ги пренасочува кон истражувачите на лек за ракот на простата, ракот на тестиси и менталното здравје. Бидејќи сеуште сме во фаза на „докажување“ како земја која треба да покаже активност за да биде најофицијално примена и регистрирана на сајтот на Movember, тимот Movember Macedonia и годинава настапува „под американско знаме“ токму за да имаме опција да креираме тим на активисти кои и индивидуално но и во името на групата ќе работат за каузата на светската организација.

Моември Македонија ќе организира и повеќе настани од едукативен и забавен карактер на кои ќе се промовира акцијата, а очекуваме позитивен одзив и од здравствените установи во нашата земја кои на свој начин имаат секаква можност да се приклучат кон ова движење. 

Сите информации околу активноста на Моември Македонија ги има на нашата фејсбук група Movember Macedonia и на Твитер.

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
Секојдневие во Австралија: Огромен питон се влече на семејната куќа додека семејството седи во дворо... „Само во Австралија можете да видите 5 метри долг питон во предградието“ – се ве...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Првиот секс со мојот 30 години постар сопруг беше застрашувачки, но во бракот со него сум пресреќна... „Навистина бев вознемирена кога јас и Мајкл за првпат спиевме заедно. Ми требаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg