Како изгледа еден ден на три сестри зависни од хероин (видео)

Животот на зависниците од дрога не е ни малку лесен. Обично, дури и ако само еден член од семејството има таков проблем, тоа е казна за сите останати.

kako-izgleda-eden-den-na-tri-sestri-zavisni-od-heroin-01

Но, постојат и семејства во кои има повеќе зависници. Такви се сестрите Валин, Аманда и Тифани кои се зависнички од хероин.

Докторот Фил Мекроу, снимил видео од 24 - часовен надзор во нивниот дом кое го објавил во неговата емисија, а го виделе и нивните родители.

- Кога дознавме дека сите три се дрогираме, помисливме: „Можевме заедно да се дрогираме“. Секој ден земаме дрога, по пет, шест и седум пати дневно – раскажува најстарата од сестрите, Валин.

Аманда има 25, а Тифани 22 години. Валин се откажала од студирањето, Аманда сакала да биде забен техничар, а Тифани била талентирана спортистка. Сите нивни планови ги уништила дрогата.

- Штом се разбудам, првото нешто што го помислувам е дрогата. Како да сум венчана за неа – објаснува Валин.

kako-izgleda-eden-den-na-tri-sestri-zavisni-od-heroin-1.jpg

Аманда открива дека пробала многу различни дроги, но на крајот се одлучила за хероинот. Вели дека дрогата ѝ прави да се чувствува 100 пати подобро.

- Хероинот е мој избор, се боцкам на нозете, затоа што сите други вени ми се уништени – открива Тифани за која дрогата е еден страшен затворен круг од кој не може да излезе.

Докторот Мекроу истакнува дека приказната не е монтирана, туку сестрите сами се согласиле да споделат еден ден со гледачите.

- Кога ќе земам хероин, температурата на моето тело се враќа во нормала.

kako-izgleda-eden-den-na-tri-sestri-zavisni-od-heroin-2.JPG

Светот на дрогата е ваков, приказната на секој зависник мора да делува како најголем поттик за борба против овој порок.

Погледнете го видеото кое го снимил докторот, за тоа како изгледа еден ден на трите сестри зависнички:

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...

Најчитани неделава