Ќе останеме без пиво?

Високите температури се повеќе го загрозуваат растењето на хмељот, тврдат климатолозите. Дали можеби ова ќе ги натера луѓето да покренат...

 

... поголема иницијатива за идејата за зачувавње на животната средина и  решение за проблемот од климатските промени?

Поплави, глад, масовни миграции, топлотни удари, се само некои од документираните појави кои ги докажуваат промените во климата и глобалното затоплување. Во таа насока, одговорните луѓето кои се на високи позиции и понатаму како да остануваат слепи и глуви.

Но, можеби фактот дека климатските промени го загрозуваат одгледувањето на хмељ ќе ги натера да се подразмислат и нешто да превземат околу овој сериозен проблем. Дали наскоро ќе останеме без драгоценото пиво, без тој нектар на радоста?ke-ostaneme-bez-pivo1

Така барем тврдат научниците од Чешкиот хидрометеролошкиот институт. Од таму неодамна се појави и студијата во која се заклучува дека "дури и најмалите зголемувања на температурата, влијаат на посевите од хмељ, па така одгледувањето на истиот почна да стагнира и да губи на квалитет". Тие исто така додаваат како идното зголемен затоплување може да го редуцира растот на хмељот до 10%.

Oна што може да ги загрижи љубителите на пиво е опаѓањето на нивото на " племенитиот хмељ " кој се одгледува во Чешкиот град Жатец, а кој го користат некои етаблирани пивари. Содржината на киселината "AЛФА" по кој се одредува квалитето на пивото и од која го добива препознатиливиот вкус, многу веројатно е дека ке се намали за 13 до 32 проценти доколку продолжи затоплувањето, предупредуваат научниците.

Студијата покажа дека концентрацијата на тие киселини опаднала за 0,06 проценти од 1954 година.

Но, тоа не е прв пат климатолозите да изразат загриженост околу влијанието на климатските промени на производството на пивото. Во 2008 година, истражувачи од националниот институт за вода и атмосферски прилики од Нов Зеланд ги предупредија произведувачите на пиво дека зголемувањето на температурите мозе да штетат на квалитетното одгледување на  хмељот.

Затоа внимание, затоа што наскоро може да ни се случи да во пивниците ни сервираат само чај или пак едно шише пиво да чини цело богатсво.

Би можело да ве интересира:

Застрашувачка снимка: Пијан татко го држи својот син на јаже, 24 метри над земја, од прозорец на згр... Пијаниот татко за забава го ризикува животот на својот 5-6-годишен син, а негови...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Емотивно видео: Бездомно куче „украде“ играчка од продавница, луѓе собраа пари за да му ја купат Во емотивно видео што се споделува вирално, се гледа бездомно куче кое зело игра...
Трагична приказна: Девојка од Британија забременила на 11 години од постариот брат што ја злоупотреб... Вистината за Треса Мидлтон (32) од Велика Британија изглегла на виделина до...
Фудбалерот Нејмар чека петто дете со жената на својот живот - која ја изневери 92 пати и ѝ направи д... И додека таа на својот Инстаграм профил го покажува раскошниот животен стил и се...

Најчитани неделава