Ја плаќаат за да јаде 3 пици, 4 дупли хамбургери, помфрит и сладолед во еден оброк

Кетлин тврди дека ужива во својата работа, но факт е дека води необичен и прилично нездрав живот.

zenata-koja-za-eden-obrok-jade-3-pici-4-dupli-hamburgeri-pomfrit-i-sladoled-dobiva-pari-za-toa-01.jpg

Таа за еден оброк може да изеде 3 пици, 4 дупли хамбургери, многу помфрит и сладолед за десерт.

За личниот развој и необичната кариера Кетлин ѝ е благодарна на својата мајка.

- Мојата ќерка е прекрасна млада жена. Покрај online работата, Кетлин е плус сајз модел, а нејзините прекрасни фотографии секогаш ми изнудуваат насмевка. Таа има сè - прекрасни гради, стомак, задник, едноставно е убава, вели Дороти, нејзината мајка.

zenata-koja-za-eden-obrok-jade-3-pici-4-dupli-hamburgeri-pomfrit-i-sladoled-dobiva-pari-za-toa-02.jpg

Кетлин не секогаш била среќна за тоа како изгледа. Како помала врсниците постојано ја задевале за изгледот и килограмите, па затоа честопати останувала дома наместо да оди на училиште.

- Сега заработувам од моето тело. Луѓето преку интернет бараат да јадам пица и компири додека ме гледаат на камера, а некои мажи уживаат додека им го покажувам целулитот кој го имам како резултат на сите тие пици и хамбургери. За возврат добивам пари кои ми ги плаќаат директно на сметка, вели Кетлин.

zenata-koja-za-eden-obrok-jade-3-pici-4-dupli-hamburgeri-pomfrit-i-sladoled-dobiva-pari-za-toa-03.jpg

Заради изборот на кариерата се плашела од мислењето и поддршката од родителите, но денес нејзината мајка ѝ е најголема обожавателка.

- Затоа што точно знам што се прашувате кога ќе ме погледнете, сакам да ви порачам да не се грижите како мојата килажа влијае на моето здравје. Редовно го посетувам мојот лекар и одам на контроли кои покажуваат дека здравјето ми е одлично. Не велам дека е здраво еден оброк да вклучува толку пици и хамбургери, но ако тоа ме прави среќна, тогаш е во ред, вели Кетлин.

Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава