Директор на деценијата

direktor-na-decenijata-povekjeЗаслугите на првиот човек на Apple во компјутерската и сродните индустрии се протегаат и подалеку од минатата деценија, но она што тој го направи во...

 

...последните десет години сосема заслужено му ја донесе наградата најдобар извршен директор на деценијата.

direktor-na-decenijata

Списанието „Fortune“ го прогласи педесет и четири годишниот Steve Jobs за најдобар директор во последната деценија. Титулата му е доделена со полно право бидејќи Steve Jobs направи вистинска револуција во ICT индустријата.

Под негово раководство Apple во изминатите десет години постави нова насока на музичкиот пазар со своите мултимедијални преносни уреди iPod, потоа го потресе телекомуникацискиот пазар со претставувањето на револуционерниот мобилен телефон iPhone, создаде нов начин на дистрибуција на музиката преку „online“ продавницата iTunes, а дополнително го зацврсти и Mac култот со Apple компјутерите и оперативниот систем OS X.

Навистина нема што да им се замери на „Fortune“, бидејќи иако во светот на ICT индустријата постојат и други икони кои ги унапредија начините на користење на технологијата, сепак она што Steve Jobs го направи во изминатата деценија е навистина импресивно.

Најдобро од сé е тоа што првиот човек на Apple се наоѓа во зрелите години и сигурно има уште многу што да ни каже и покаже.

Би можело да ве интересира:

Потресни сцени, траор: Двоен земјотрес во Венецуела со јачина над 7 степени - прогнози за десетици и... Двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела синоќа предизвикаа огромна мате...
Следете во живо: Папата Лав ќе ја благослови Саграда Фамилија, на 100-годишнината од смртта на Гауди... Во февруари годинава, по повеќе од 100 години од почетокот на изградбата, конечн...
Измамник со криптовалути и неговата сопруга сурово убиени во Емиратите за 380 милиони долари: Детали... Рускиот измамник со криптовалути и неговата сопруга биле измачувани од луѓе кои ...
Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун кој... Откако првпат се појави во јавност во 2022 година, 12-годишната ќерка на Ким Џон...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...

Најчитани неделава