Реакција на невестата кога младоженецот ја откажува свадбата

Кери Двејн добила порака од нејзината ќерка Квин дека нејзиното момче во последен момент ја откажало свадбата. По утешителните зборови, одлучила да не седат мирно, туку да ја искористат веќе резервираната вечера во хуманитарни цели.

mladozenecot-vo-posleden-moment-ja-otkazal-svadbata-pa-nevestata-odlucila-hranata-da-ja-podeli-na-bezdomnici-01.jpg

Семејството веќе имало платено 35.000 долари за свадбата на Квин и било предоцна за да можат да ја откажат резервацијата на просторот и храната, па за да не отиде се бесполезно, одлучиле да ги поканат бездомниците од нивниот град да уживаат во вкусна храна и топол простор.

Кери Двејн ги поканила сите бездомници од Сакраменто да уживаат во вкусната храна од хотелот со четири ѕвезди која се состоела од предјадење, салата, карфиол, њоки, лосос и телешко месо.

„Кога минувате низ тежок период најдобро е да се насочите кон тоа да направите нешто добро за целото семејство, а за нас тоа што овие луѓе го направија претставува вистински благослов“ – изјавил еден од бездомниците кој дошол заедно со своето 5-члено семејство.

Невестата не била во добро расположение за да присуствува на настанот, но нејзината мајка била задоволна што барем некој може да ужива в вкусната храна.

„Ме боли срцето за мојата ќерка, но мора да се обидеме да направиме нешто позитивно од целата ситуација“ – изјавила Кери. 

Би можело да ве интересира:

По силување и обид за самоубиство, ѝ одобрија евтаназија: Трагичната приказна на Ноелија Кастиљо (25... Вчера (26.03) 25-годишната Ноелија Кастиљо почина, откако ѝ беше одобрено барање...
Обвинет е за педофилија, излезе од затвор: Кој е осомничениот за исчезнувањето на Медлин МекКен од 2... Главниот осомничен за исчезнувањето на Медлин МекКен од 2007-ма е маж кој неодам...
Морничаво: Жена во Тајланд спасена од кремирање – тропнала на ковчегот во последен момент, мислеле д... 65-годишна жена од Тајланд која ја сметале за мртва покажала знаци на живот, дод...
Американка се пресели на Балканот и се чуди: „Тука се чисти премногу, се перат завеси често, а мора ... „Чувствувам дека ако излегувам од куќата морам да имам средена коса, малку шминк...
Богата инфлуенсерка се фали со подароците од сопругот за Валентајн - Но, дали повторно лаже? Наводно 12 години постариот сопруг на Леонора Сми (30) секој ден од месец февруа...
Трагичната приказна за близначките Кејтлин и Хедер од САД: „Сестра ми ја најдоа заклучена во кутија ... „Мојата сестра близначка Кејтлин немаше активност на социјалните мрежи повеќе од...

Најчитани неделава