Ѕвечарки во уста, автомобил на глава: Најглупавите светски рекорди

Светските рекорди не инспирираат да се стремиме кон потешкото и да направиме нешто повеќе за себе. Но, во последните неколку години, тие стануваат сé побизарни и глупави.

zvecarki-vo-usta-avtomobil-na-glava-najglupavite-svetski-rekordi-01.jpg

Овие разни подвизи немаат сериозно значење за унапредување на кој било аспект од нашата култура.

Ова се едни од најглупавите светски рекорди:

Ѕвечарки во уста

Џеки Биби го држи овој рекорд од 2009 година. Тој во уста има држено за опашка 11 змии цели 10 секунди. Потоа ги исплукал и избегал за да не го каснат.


Удар со автомобил

Метју Мекнајт бил удрен од автомобил кој возел возел 112 километри на час, на 26 октомври 2001 година, во Пенсилванија. Поминал 2 недели во гипс на интензивна нега и терапија во траење од 80 дена. Влегол во книгата на рекордите како човек кој летнал најдалеку од сите, после удар од автомобил.


Огномет на тело

Тод ДеФацио ужива во поставување и кршење на светски рекорди. Неговиот најлуд подвиг се случил на 6 јули 2010 година, кога заврзал 15 ракети околу своите нозе, гради и глава, а потоа ги запалил сите одеднаш.


Најбрзо добивање на тежина

Овој рекорд во моментов и припаѓа на Дона Симпсон од Њу Џерси, САД. Таа имала 273,5kg во 2010 година кога ја поставила интернет страната каде луѓето можеле да платат за да ја гледаат како јаде брза храна.

Таа решила да го скрши рекордот на најтешката жена во светот во рок од 2 години и консумирала 20.000 калории на ден. Сепак се откажала од рекордот во 2011 година (најверојатно поради финансиски причини) и започнала со диета.


Најбрзо губење на тежина

Веројатно сите би сакале да изгубат неколку килограми за брзо време, но не сите сакаат да постават рекорд. Розали Брадфорд успеала во тоа. Таа изгубила 415 килограми за помалку од 3 години, а само првата година изгубила 190 килограми. 


Автомобил на глава

Џон Еванс од Англија го поставил овој рекорд. Тој успеал да го балансира целиот автомобил на својата глава. Неговиот рекорд е 33 секунди, а тој нуди 1.000 фунти награда за секој што може да биде подобар од него. За сега тој нема конкуренција.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
Пробал да си ја убие сопругата на нејзиниот роденден поради афера: Детали за случајот што ја разбран... Минатата година, анестезиолог пробал да ја убие неговата сопруга додека биле на ...
Има своја продавница за овошје и е татко на две деца – Херојот кој го ризикуваше својот живот за да ... Човекот кој го ризикуваше својот живот и директно го собори напаѓачот, е 43-годи...
Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите н... Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс ...
„Имам џуџест раст, а сопругата е со просечна висина – и нашите деца го наследија моето нарушување“ Кристијан Гарсија не дозволил неговиот џуџест раст да му биде пречка во животот,...
Трогателна глетка во Швајцарија: Стотици луѓе на улиците во Кран-Монтана им оддаваат почит на загина... Надлежните ги идентификуваа сите 40 жртви во пожарот во Кран-Монтана, од кои пов...

Најчитани неделава