Google казнет 300.000 евра

google-kaznet-300000-evra-povekjeПарискиот суд го прогласи Google за виновен заради кршењето на авторските права на книгите кои веќе се објавени на популарниот интернет пребарувач.

 

Ваквата одлука на парискиот суд би можела негативно да влијае на планот на Google за дигитализација на книгите.

Интернет гигантот ќе мора да исплати казна од 300.000 евра заради нанесена  штета на францускиот издавач La Martinier.

google-kaznet-300000-evra

Ова е само еден од многубројните случаи во кои Google е обвинет заради дигитализација на книгите без експлицитно одобрување од извадачите.

Парискиот суд исто така му нареди на Google да исплаќа по 10.000 евра за секој ден до отстранувањето на книгите од неговата база.

Интернет гигантот изрази силно незадоволство од одлуката на парискиот суд.

„Француските љубители на книгите се соочуваат со закана од губење на пристап до знаењата и заостанување зад останатите корисници на Интернет“, вели гласноговорникот на компанијата.

Претседателот на синдикатот на француските издавачи, Serge Eyrolles, изјави дека е сосема задоволен од пресудата.

„Ова покажува дека сепак Google не е крал на светот и не може да прави сé што ќе посака“, вели Eyrolles.

Би можело да ве интересира:

Шпекулации за смртта на НЛО истражувач: Предупредуваше за 11-те исчезнати научници, веруваше дека вл... Од 2022 до денес, 11 научници кои работеле на чувствителни проекти во САД исчезн...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...
Се лекувал од импотенција, заработил милијарди со перење пари: Кој е новиот мистериозен лидер на Ира... Иако не е официјално потврдено, според некои извори новиот врховен лидер е синот...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...
Драматична случка во циркуз во Русија: Тигар излезе од мрежа и прошета низ публиката (видео) „Останете мирни или ќе ја влошите ситуацијата“ - се вели во виралните видеа од р...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...

Најчитани неделава