Млада девојка истовремено води битка со рак и е успешен модел

Никогаш не знаете што ќе ви донесе животот и никогаш не е лесен, ниту едноставен, но важно е како ќе одлучите да реагирате на препреките. Важно е што навистина сакате да постигнете и да извлечете.

25-godishna-devojka-se-bori-so-rakot-no-toa-ne-ja-sprecilo-da-se-zanimava-so-manekenstvo-01.jpg

Една 25-годишна девојка од Ворвик, Њујорк одлучила без оглед на тоа што се бори со тешка болест, да продолжи да живее исполнет живот.

Диана Кристинсон имала само 22 години кога дознала дека боледува од малиген рак именуван како Хочкин лимфом од четврти степен.

„Само што дипломирав и се обидував да откријам кој е следниот чекор во мојот живот“ – вели Кристинсон.

Изминатите три години за неа значеле борба со болеста, хемотерапија и две трансплантации на коскена срж. Но, и покрај сите тие негативни работи во нејзиниот живот, таа се одлучила да продолжи понатаму и да се занимава со манекенство.

Моментално работи за една глобална модна агенција Major Models. Досега била дел од 6 шоуа и неколку рекламни кампањи.

За оваа професија е одлучила откако еден нејзин пријател ја замолил да ја фотографира за неговото портфолио.

Најголемиот проблем со кој се соочила била ќелавоста.

„Немав можност да откријам други модели кои се без коса и тоа понекогаш правеше да се чувствувам неудобно. Но, многу жени ме поттикнуваа со своите зборови да продолжам понатаму“ – објаснува таа.

Сега се надева дека ќе претставува инспирација за бројни луѓе кои се борат со ракот.

„Тоа што се соочувате со потешкотии во животот не значи дека треба да престанете да го живеете и да се откажете од вашите соништа“ – заклучува Кристинсон.

Би можело да ве интересира:

Трагедија на аеродром во Њујорк: Авион се судри со возило, има и загинати (фото+видео) Авион и возило се судрија на писта во Њујорк. Предниот дел на авионот е целосно ...
Трогателна глетка во Швајцарија: Стотици луѓе на улиците во Кран-Монтана им оддаваат почит на загина... Надлежните ги идентификуваа сите 40 жртви во пожарот во Кран-Монтана, од кои пов...
Го уби својот брат и не одговараше - Бившиот крал на Шпанија по 69 години молк проговори за трагедиј... „Немавме поим дека има оставен куршум во цевката. Беше испукан истрел во воздух,...
Бизарно: Јапонци медитираат во мртовечки ковчези, за „одново да го засакаат животот“ Неколку бизниси во Јапонија нудат медитација во мртовечки ковчег. Луѓето можат д...
Поранешна претставничка на Мис Универзум од Русија загина во сообраќајка, 4 месеци по свадбата – со ... „На патот скокна елен и удри во нашиот автомобил. Немав време да направам ништо....
Детето ѝ се удави во базен, по една година повторно е бремена: Што се случи со инфлуенсерката Емили ... Една година откако тригодишниот син на инфлуенсерката Емили Кисер се удави во ни...

Најчитани неделава