Ветувањето на синот кон својот татко : “Кога ќе пораснам ќе го имаме најубавиот дом”

Како што изминуваат годините, некако забораваме низ какви сè не предизвици поминале нашите родители за да нè донесат на вистинскиот пат.

ke-go-imame-najubaviot-dom-01 2

Со секојдневните обврски и пренатрупаноста на работните задачи го забораваме вистинското значење на она што се нарекува дом, љубов, семејство.

Сè она што правеле, сè она што граделе е нивна жртва токму за нас и најмалку што можеме да направиме за сета таа посветеност е барем да ги одржиме нашите ветувања кон нив. Со тоа ќе внесеме неизмерна радост во нивниот живот и кога ќе се завртат со гордост ќе можат да кажат дека одгледале чедо на кое секој би се гордеел.

Ова 7-минутно видео ќе предизвика бура на емоции во вашето тело и ќе ве натера да се запрашате, да се потсетите и да запомнете што сè сте ветиле дека ќе исполните. Ќе ви ја покаже нераскинливата врска и едно огромно ветување кое не смее да биде прекршено.

Немоќниот татко се соочува со најгорчливото чувство на самотија и копнежот повторно да ја почувствува топлината на своето семејство. После срцевиот удар кој го доживува, неговиот син е принуден да го чува, но наместо хармонија и соживот, немоќниот родител претставува товар за семејството и синот е принуден да му каже дека ќе мора да го остави во старечки дом.

Но. налетува на цртеж, неговото детско, невино ветување кон својот татко дека еден ден, кога тој ќе порасне ќе му го пружи најубавиот дом што некогаш го имале и потоа сè се менува.

Целото видео ја носи пораката за тоа дека домот не е она што стои на темелите, туку љубовта која владее помеѓу членовите во семејството.

Спремете се да ги насолзите очите и да се запрашате дали вие создавате семејство какво што посакувате.

Запрашајте се дали секојдневието го исполнувате со топлина или само со една здодевна рутина која морате да ја повторите.

Потсетете се на сите ветувања и пробајте да ги исполните, за да им дадете до знаење на оние кои доаѓаат дека ветувањата морат да се исполнат за да се добие вистинското значење на зборот семејство.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Богата инфлуенсерка се фали со подароците од сопругот за Валентајн - Но, дали повторно лаже? Наводно 12 години постариот сопруг на Леонора Сми (30) секој ден од месец февруа...
Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале ... Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени а надлежни...
Сомнителни повреди на вратот, мистериозно видео од затворот: Зошто некои веруваат дека Епстин бил уб... Според реномиран патолог кој сведочел на аутопсијата на Џефри Епстин, потребно е...
Обвинет е за педофилија, излезе од затвор: Кој е осомничениот за исчезнувањето на Медлин МекКен од 2... Главниот осомничен за исчезнувањето на Медлин МекКен од 2007-ма е маж кој неодам...
„Бев маскиран во шеќерна трска на настапот на Бед Бани на Super Bowl - се пријавив на оглас на ТикТо... Шеќерните трски на настапот на Бед Бани на полувремето на Super Bowl се меѓу нај...
Оттуѓената трансродова ќерка на Илон Маск стана манекенка – го промени полот и се откажа од татко ѝ Родена е како машко дете, во 2020-та кажа дека е трансродова личност, го смени п...

Најчитани неделава