Приказната зад најконтроверзонто видео на 2015-та година - „Драги дебели луѓе...“

Никол Арбор во септеври 2015-та година на YouTube објави видео именувано како „Драги дебели луѓе“ кое за краток период го прегледаа милиони луѓе кои прилично негативно реагирале на видеото.

prikaznata-za-najkontroverzonoto-video-na-2015-ta-godina-dragi-debeli-lugje-01.png

Контроверзното видео предизвика силно негативни реакции поради кои Арбор била принудена да го затвори делот за коментирање кој бил исполнет со негативни коментари.

Таа вели, дека сето ова било испланирано.

„Направив маркетиншка стратегија“ – вели таа. Нејзиниот „маркетиншки план“ бил да започне со објавување на контроверзни видеа кои ќе ја зголемат нејзината популарност, кои секако, ќе завршат со најконтроверзното, „Драги дебели луѓе“.

Поминаа три месеци откако Арбор го објавила ова видео, а истото сè уште претставува извор за дебати и негативни реакции.

Таа тврди дека ова видео и донело слава како ниту едно друго претходно. Ова видео и донело илјадници долари. Добила ТВ понуди за да снима реклами или интересни видеа – можности кои се појавија како резултат на едно видео.

Пред тоа таа била непозната, а според Google Trends токму ова видео и донело слава.

Нејзиното критикување на дебелите започнува со: „Некои луѓе ќе бидат многу лути на ова видео. Но, што ќе правите дебели луѓе? Ќе ме бркате? Како Франкенштајн? Можам да избегам од вас, дури и без да трчам...“

Можеби на овој начин за краток период се прослави, но дали ќе остане запаметена, дали ќе има можност да заработува како останатите YouTube ѕвезди кои заработуваат милиони долари годишно?

Плус, дали ова е одлична идеја за да се прослави?

Генијална идеја или нешто друго? Што мислите?

Би можело да ве интересира:

Самохрана мајка е хит на ТикТок поради сличноста со Џорџина Родригез: „Посиромашна сум и постара“ „Луѓето отсекогаш велеле дека си личиме со Џорџина, а јас одговарав: ‘Да, можеби...
На чај со Доналд и Меланија, па раскошна забава во градина: Кралот Чарлс и Камила на гости во САД За пречекот на кралскиот пар, Меланија избра костим со здолниште во путер жолта ...
Филмско апсење во Будимпешта: Маж украл картичка на Џони Деп и потрошил 700.000 долари, актерот не н... Маж од Унгарија речиси две години правел трансакции со податоците од кредитната ...
Застрашувачки сцени од пожар во бар во Бангкок – загинати се најмалку 27 луѓе, повеќето се криеле во... Трагедија во Тајланд... Пожарот во барот избувнал близу сцената, а се шират заст...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...

Најчитани неделава