7 работи полоши од твојата

7-raboti-polosi-od-tvojata-povekjeЈасно ни е. Економија пропаѓа, никој нема пари, а ете си и ти заглавен позади своето биро, каса, шанк... Гарантираме дека откако ќе го прочиташ ова...

 

... ќе ја сакаш својата работа најмногу на свет!

Чистач на риби

Дали некогаш сте чистеле риба? Лигаво, смрдливо и крајно непријатно! Сега замислете си тоа да го правите 8 часа во текот на денот, секој ден, до крајот на вашиот живот!

fishgutter

Чистач во градинка

Се вели дека децата се нашата иднина, но сепак некој треба да чисти позади нив. Врвното достигнување е отстранување на исушена боја и сок од јаболки од тепихот, леплива плунка од играчките, а воопшто и да не ги спомнуваме тоалетите.

preschool+janitor

Истражувач на фекалии од делфини

Нема што многу да се кажува за оваа професија, но немојте да мислите дека вие се справувате со најмногу г**на работа.

whale+feces

Собирач на голф топчиња

Секој ден е во природа и работи на свеж воздух собирајќи стотици топчиња дневно. Но, на секоја страна му летаат топчиња со 200 километри на час, што ја прави неговата работа и не толку атрактивна.

golf+balls

Маскота во луна парк

Следниот пат кога ќе бидете во некој луна парк на 50 степени заблагодарете му се на Господ што не сте маскота таму и не се глупирате по цел ден пред секакви деца.

mascot

Бирач на чипс

Сигурно знаете дека не можете да изедете само едно парче чипс. Тоа е благодарејќи на бирачите на чипсови кои го прегледуваат испржениот чипс парче по парче за на крај ние да јадеме совршен чипс. Чекори за усовршување: 1. Забележи го лошото парче 2. Отстрани го 3. Повторувај го ова цели 8 часа.

potato+picker

Нуркач во хазардни работи

Сакате да пливате? Ја сакате канализацијата? Вашиот одговор веројатно е Да и Не. Овие луѓе пливаат и нуркаат низ работи на кои никогаш не би ви текнало. Еден од овие нуркачи еднаш нуркал низ езеро со фекалии од свињи, урина и игли само за да стигне до мртво тело.

hazmat

Наеднаш, и не ти е толку лоша работата нели?

Би можело да ве интересира:

Нема ни 40 kg, почна да се крие од јавност: Тажната приказна на анорексичната инфлуенсерка Евгенија ... Веќе неколку месеци, инфлуенсерката Евгенија Куни нема споделено ништо онлајн, с...
Инженер (84) за безбедност во Honda стана хит со лудата „аниме“ фризура За време на промоција на нов модел на Honda од пред месец-два, многу повеќе вним...
Гениј од Белгија докторира на 15 години – студирал квантна физика, ќе продолжи со медицина Лорен Симонс има само 15 години, но веќе е доктор на науки од областа на квантна...
Татко ѝ тврди дека ја убиле сопругот и свекрвата за миразот, тие негираат: Детали за смртта на позна... Индиската актерка Твиша Шарма била пронајдена мртва во домот што го делела со со...
„Направив операција за намалување на висината во Турција – беше болно, но конечно сум пониска“ 30-годишна Британка подлегнала на особено болна операција за намалување на висин...
Го уби својот брат и не одговараше - Бившиот крал на Шпанија по 69 години молк проговори за трагедиј... „Немавме поим дека има оставен куршум во цевката. Беше испукан истрел во воздух,...

Најчитани неделава