Peugeot реклама која ги налути Србите: Зошто мајката на Новак Ѓоковиќ не знае српски?

Неодамна се појави нова реклама на француската компанија за производство на автомобили „Peugeot“ каде имаме можност да погледнеме што се „случувало“ во детството на Новак Ѓоковиќ, светскиот број 1 тенисер.

loshata-reklama-na-peugeot-koja-predizvika-lavina-negativni-komentari-01.png

И додека многумина очекуваат токму Ѓоковиќ да биде оној кој ќе направи некаква лудорија по која сите слатко ќе се смееме, овојпат грешката заради која сите се смеат на автомобилската компанија е во режирањето на самата реклама.

Рекламата е направена специјално за отворањето на Роланд Гарос и во неа го гледаме малиот Ѓоковиќ кој едноставно не е талентиран за виолина, но некако случајно во неговиот живот долетува тениско топче и му ја покажува неговата вистинска пасија во животот.

Одлична идеја, но со една грешка, изборот на актерка која ќе ја глуми мајката на Ѓоковиќ. Ако подобро ја слушнете мајката во видеото, ќе забележите дека не само што не го владее јазикот, туку и дека воопшто не се подготвила за улогата.

По ова дури и мајката на Ѓоковиќ негативно реагираше што воопшто не се консултирале барем со семејството.

„Кампањата веќе е објавена, а не се консултираа со нас, мислам дека ќе беше подобро да го направат тоа...“ - вели Немања Живојновиќ, маркетинг директорот на Euroimpex Autogroup, генералниот застапник на Peugeot автомобили за Србија.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Драматична случка во циркуз во Русија: Тигар излезе од мрежа и прошета низ публиката (видео) „Останете мирни или ќе ја влошите ситуацијата“ - се вели во виралните видеа од р...
Исчезнувањето на Медлин Меккен се поврзува со Епстин: Изјава од сведок во документите, осомничена ко... Во документите од случајот за Епстин, неколкупати се спомнува името на Медлин Ме...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
По силување и обид за самоубиство, ѝ одобрија евтаназија: Трагичната приказна на Ноелија Кастиљо (25... Вчера (26.03) 25-годишната Ноелија Кастиљо почина, откако ѝ беше одобрено барање...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...

Најчитани неделава