Закажана е светската премиера на „The Fourth Phase“!

Нетрпеливо очекуваниот филм за сноуборд на Тревис Рајс, „Четвртата фаза“ ги носи гледачите на амбициозно патување околу Северниот Пацифик. Глобална премиера е закажана за 2 октомври само на Red Bull TV, достапен од 3 октомври.

zakazana-e-svetskata-premiera-na-the-fourth-phase-01.jpg

Санта Моника, Калифорнија – Креаторите на „The Art of FLIGHT“ („Уметноста на летот“), Red Bull Media House го претставуваат „The Fourth Phase“ (Четвртата фаза), филм кој раскажува приказна за авантуристичко патување околу Северниот Пацифик низ пејзажи кои можат само да се сонуваат, при што открива многу повеќе отколку само нови предели. Нетрпеливо очекуваниот филм ќе има глобална премиера на 2 октомври на Red Bull TV и ќе биде во продажба веќе од следниот ден.

- Механиката на функционирање на зимите отсекогаш ми ја разгорувала љупопитноста,- вели Рајс. - Создавањето на „Четвртата фаза“ спои неверојатна група сноубордери со најтрудољубивата и највредна продукциска екипа што е во игра, за од прв ред да бидеме сведоци на многуте расположенија на механизмот на бурата на Северниот Пацифик. Патувањето беше создадено под максимата дека „за да го запознаеш нештото и навистина да го разбереш – мораш да станеш тоа нешто.“

zakazana-e-svetskata-premiera-na-the-fourth-phase-1_copy.jpg

Стартуван во 2013 година и целосно сниман во 4К или повисока „Ултра ХД“ технологија, „Четвртата фаза“ отвора нов пат, користејќи уметничка мешавина на акција, приказна и филмска камера за да му даде живот на ова вчудоневидувачко дело. Резултатот е филм за секој оној што го фасцинираат можностите за авантура, на природниот свет – на животот.

- Ја водиме публиката на вистинско патување со сите негови подеми и падови,- вели Јон „ЈК“ Класкиевич, кој е режисер на филмот. - Во с`ржта на филмот, документиравме неверојатна сноуборд акција во најдалечните агли од земјата, но исто така раскажуваме и една емотивна човечка приказна.

Екипа од најинвентивните сноубординг возачи меѓу кои и Марк Ландвик, Ерик Џексон, Брајан Игучи, Пат Мур, Микел Бенг, Џереми Џонс, Виктор де Ле Руе, Бен Фергусон и други се пријавија за оваа епска мисија. Од недопрените предели на дивината на Вајоминг, преку Пацификот до Јапонските Алпи, Руските вулкани и спектакуларно далечни области на Алјаска, тимот се обврза да издржи сѐ на што може да се наиде, кога ќе се влезе во циклусот на природата.

zakazana-e-svetskata-premiera-na-the-fourth-phase-2.jpg

На 2 октомври, во специјален, прв од ваков вид, глобален настан, „Четвртата фаза“ ќе има интернет премиера во 9 часот навечер (приспособено според локалното време низ целиот свет). Овој еднократен премиерен настан ќе биде бесплатен и може да се гледа на Red Bull TV или како апликација на уредите, без оглед каде се поврзани. Низ цел свет ќе се организираат забави за гледање на филмот, почнувајќи од големи арени и продавници за сноуборд, па до дневни соби и дворови.

Фановите ќе можат прв пат да го видат филмот во Лос Анџелес, Калифорнија, на 8 септември, кога ќе биде неговата премиера во „Шрајн Аудиториумот“, пред да тргне на тринеделна турнеја на прикажување низ кината во Канада, Австралија, Јапонија, Русија, Франција, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Германија, Њујорк, Колорадо и Вајоминг.

- По речиси четири години продукција, возбудени сме да го споделиме овој филм со публиката низ целата земјина топка,- вели Скот Бредфилд, потпретседател на продукција во Red Bull Media House.

Red Bull Media House беше привлечена од инспиративните и мотивирачки звуци на мулти-инструменталистот и кантавтор Киши Баши, за време на потрагата по звук кој ќе ја поведе публиката на патување со кое ќе нурнат во природата низ филмот. Киши Баши и екипата соработуваа за музиката на „Четвртата фаза“ што кулминираше со снимање во живо во Red Bull Studios во Њујорк.

„Четвртата фаза“ е овозможена со чудесната поддршка од филмските партнери меѓу кои DC, GoPro, Quiksilver, Skullcandy и Toyota. „Четвртата фаза“ е првиот спортски филм кој е направен во Dolby Vision™ и Dolby Atmos®, при што овие две напредни технологии за слика и звук се комбинирани за да се создаде навистина спектакуларно доживување.

Посетете ја страницата TheFourthPhase.com и следете ги филмовите на Red Bull Media House на Фејсбук, Твитер, Јутуб и Инстаграм ако сакате да дознаете повеќе за „Четвртата фаза“.

Погледнете го промотивното видео: 

Вклучете се во муабетот: #TheFourthPhase

Би можело да ве интересира:

„Сакам да си најдам маж кој ќе ме финансира, а јас само да си седам дома и да ги чувам децата“ „Се знае - мажот се грижи за жената, а таа се грижи за децата. Мажот со кој ќе б...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Девојче (8) згазна на отровна риба-змеј во Грција: „Болката беше неподнослива, не престануваше да вр... „Моето дете од 8 и пол години згазна на риба-змеј, која има отровни боцки. Спасу...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg