Инсектот кој ги урна сите рекорди - долг колку две раце

Со должина од 55.8 цм, оваа ново откриена бубачка, е најдолгиот инсект - стапче во светот. Наречена е мегастапче, откриена е во дождовната шума во Борнео и ...




...веднаш е предадена во Музејот за историјата на природата во Лондон.
Ова суштество е скоро за 1,3 цм подолго од претходниот рекордер, кој бил откриен пред околу 100 год. Се претпоставува дека е откриен нов вид на инсект.

Ова суштество беше најдено од еден колекционер, кој го чувал 10 години. Сопственикот немал никаква идеа за значењето на ова суштество, се додека еден ентомологист не ја видел неговата колекцијата и сватил дека станува збор за некој нов вид.

bubacka_race

Уште ништо за сигурно не се знае за биографијата на инсектот, но се претпоставува дека живее на највисоките дрвја во дождовната шума и затоа е многу тешко да се забележи.

Телото, без екстремитетите, е долго 35 цм, и се смета дека има уникатни јајца.
Најдениот инсект, кој беше пратен во музејот, бил полн со јајца, и на секое јајце имало нарастоци на крилја.

На другите вакви инсекти - стапчиња, јајцата обично им се долги пола сантиметар. Мајките ги фрлаат јајцата во воздух за да ги однесе ветрот подалеку од дрвото на кое се наогаат нивните родители, за да не ја делат со нив храната за која тие се борат.

bubaMetar



Само три примероци од овој вид досега се пронајдени, и сите се најдени на Малзиската држава Сабах, на островот Борнео.


buba
Интересни факти за овој вид инсекти:

• Има околу 3000 познати видови од овој инсект стапче, повеќето од нив се тропски.

• Иако досега не се појавиле природно во Британија, трите примероци се сместија токму тука, или на Сицилија.

• Овие инсекти спијат преку ден , што ги прави страшно досадни миленичиња. Навечер, се пуштаат во акција и ги јадат листовите од дрвјата.

• Овие инсекти се мајстори на камуфлажа. Со нивниот изглед лесно можат да се сокријат од птици, нивниот главен грабливец.

Би можело да ве интересира:

Девојка во Бразил загина откако ја фрлија на банџи без јажиња за заштита – падна од 40m висина, 6 ос... На социјалните мрежи викендов вирално се ширea снимки од моментот кога неколку р...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Почина Чак Норис на 86-годишна возраст, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои ...
„Го злоупотреби“ - Слон бил офарбан розов, бизарниот потег на фотографка поттикна револт во Индија „Злоупотреби стар слон само за фотосесија. Слонот сега е мртов, а ти се обидуваш...
Жена не се смее речиси 50 години за да нема брчки: „Не се насмеав на мојата свадба, ниту кога ми се ... „Немам брчки бидејќи се истренирав да ги контролирам мускулите на лицето. Сите м...
Пропаднат брак, раскината свршувачка, неверство - Љубовниот живот на скијачката Линдзи Вон Една од најдобрите светски скијачки на сите времиња, Линдзи Вон, има бурен љубов...

Најчитани неделава