Си замина легендарниот пејач Леoнард Коен

Канадскиот пејач, текстописец и поет, Леонард Коен почина на 82-годишна возраст.

pocina-legendarniot-pejac-lenard-koen-01.jpg

Веста беше објавена на неговата официјална Фејсбук страна, но не беа наведени никакви детали за причината за неговата смрт.

„Со длабока тага известуваме дека легендарниот поет, текстописец и уметник, Леонард Коен почина“.

Пејачот од Монтреал имаше многу познати хитови меѓу кои „Suzanne“, „Bird on the Wire“ и „I'm Your Man“ и 14 издадени албуми.

pocina-legendarniot-pejac-lenard-koen-1.jpg

Во 2008-та година тој беше примен и во Рокенрол холот на славните.

„Овој настан е сосема неочекуван за мене. Никогаш не сонував за вакво нешто“ - изјави тогаш.

Коен е роден во еврејско семејство, а подоцна во животот, стана Зен будист.

Цели 5 години, од 1994-та до 1999-та година паузираше од музичката сцена и живееше во центарот „Mount Baldy Zen“, источно од Лос Анџелес.

pocina-legendarniot-pejac-lenard-koen-2.jpg

Подоцна повторно се врати.

Ова се некои од неговите најпознати песни кои засекогаш ќе ги паметиме:

Меѓу последните песни беше и „You Want it Darker“:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
„Мислев дека сум посвоена бидејќи мајка ми починала – дознав дека ме купиле на црно“ Канаѓанката Дијана знаела дека нејзината биолошка мајка починала кога била дете,...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
„Доста ги фалите!“ - Мрачната страна на Швајцарците - шетаат излитени, дома им е хаос и се скржавци „Одaт по улица излитени, чудно облечени, децата им се секогаш со нос што тече и ...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава