Драга, ти пишувам од Титаник

Патникот Адолф Сафелд го опишал вечерното мени, лулањето на бродот и луксузот на првата класа само 5 дена пред потонувањето на историскиот...

 

...брод Титаник.

Неговото писмо, иемнувано како "драга моја", продадено е за 55.000 фунти на аукција во Британија, што е рекордна цена за писмо од "Титаник".

Го купил музеј чие име не е објавено. "Тргнавме попладне, со мало возбудување. Огромната сила на нашата парна машина ги скина конопите на соседниот брод 'Њујорк' и одвај избегнавме судир.

Веројатно за тоа можеше да прочиташ во весниците. Времето е фино и мирно, небото облачно. Во првата класа не' има само 370 патници и бродот, барем засега, плови мирно. Не ми беше лесно што мораше да останеш дома, но ќе те земам со мене во следната прилика.

draga-ti-pisuvam-od-titanik

Долго шетав по палубата и дремнав околу 5 часа. На бродот е и музичката група која свири за време на служење на чај, но јас сепак заминав на верандата на кафе и леб со путер. Чекав да платам, но тогаш сфатив дека храната и пијалоците за патниците од прва класа се бесплатни.

За вечера имавме супа, филети од риба, телешки бут со карфиол и пржени компири, коктел 'менхетен' со јаболко и рокфор. Испив и две кригли пиво и испушив две цигари во собата за пушење", напишал  Сафелд.

Исто така, тој додава дека не може да верува дека се наоѓа на огромниот брод, бидејќи "освен малите вибрации" имал впечаток дека е на копно.

Би можело да ве интересира:

Kој е трансродовиот модел што втора година по ред се појави на шоуто на Victoria’s Secret? (фото) Од мала носела женска облека, а почнала да гради кариера од само 12-годишна возр...
„Се натпреварував во шоуто Squid Game – не знаевме дали е ден или ноќ, халуциниравме бидејќи не спие... „Како што почнаа игрите, почнав да плачам. Мислам дека оние кои не ги играле игр...
Одбија да ја пеат химната пред натпревар во Австралија: Каква казна ги очекува фудбалерките од Иран ... Минатата недела, неколку жени од иранскиот фудбалски клуб одбија да ја пеат химн...
Сведоштва за експлозијата во фабрика за пиротехника на Малта: „Мислев дека ќе ми се сруши куќата“ (в... „Првата експлозија звучеше како големите огномети на крајот на некоја голема про...
„Станав инфлуенсерка - соседите ме нарекуваат ѕвезда од маало и ме озборуваат за гратис одморите“ „Станав мајка млада и напорно работев за да си ги платам сметките. Сега, не ме и...
Поранешниот директор (70) на Гугл со нова девојка (27), по тужбата за насилство од претходната – нег... Поранешниот директор на Гугл, Ерик Шмит, наводно има нова, 27-годишна девојка. П...

Најчитани неделава