Поранешниот директор (70) на Гугл со нова девојка (27), по тужбата за насилство од претходната – неговата сопруга молчи
- Детали
- четврток, 12 февруари 2026
Поранешниот директор на Гугл, Ерик Шмит, наводно има нова, 27-годишна девојка. Пред само неколку месеци, 70-годишниот милијардер доби тужба од 31-годишна поранешна девојка која го обвини за демнење, па и насилство. И покрај многуте афери, Ерик е во брак со истата жена уште во 1980-та.

Ерик Шмит, поранешниот извршен директор на Гугл, иако е во осмата деценија од животот, најмногу внимание привлекува со неговиот бурен љубовен живот.
Ерик е во брак со сопругата Венди Шмит уште од 1980 година, но не ни пробува да ги скрие своите многу помлади љубовници.
Поради ова, се шпекулира дека имаат отворен брак, иако ни тој ни сопругата немаат потврдено.
Најновата девојка на Ерик Шмит е моделот Глорија Софи Буркант која потекнува од Германија и има само 27 години.
Според германскиот медиум Bild, тие заедно ја поминале нова година и подолг период речиси секој ден биле заедно.
Како што споделува медиумот, тој планира да ја однеси новата девојка и на важна конференција во Минхен која е закажана за овој викенд.
Претходно, тој бил забележан со Глорија и на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Сепак, извор близок до милијардерот тврди дека тие се „само блиски пријатели“.
Инаку, Глорија е јавна личност во родната Германија и се има појавено во неколку ријалити шоуа.
Има пишувано за Teen Vogue, а има позирано и за турското издание на Vogue.
Живее во Германија, но и Њујорк каде што била запишана на докторски студии.
Воедно, Глорија е ќерка на покраинскиот премиер на Баварија, Маркус Зедер.
Глорија со татко ѝ
Пред новата љубовница, Ерик Шмит имаше друга, мошне бурна врска која заврши и со тужба.
Тој беше во врска со 31-годишната Мишел Ритер која во октомври минатата година поднесе тужба против милијардерот во која го обвинува за демнење, малтретирање и „токсична машкост“.
Таа бараше забрана за приближување поради насилство, но подоцна го повлече барањето бидејќи наводно направиле спогодба со милијардерот.
Додека беа заедно, Ерик Шмит вложил 100 милиони долари во нејзина фирма за вештачка интелигенција, но потоа таа тврдеше дека милијардерот ја презел контролата.
Таа го обвинуваше и дека го прекршил бизнис договорот што го направиле.
Ерик одбива да коментира за драмите во неговиот љубовен живот, а истото важи и за неговата сопруга.
Прочитајте и: Има отворен брак со сопругата, љубовницата го тужи за пари – Бурниот љубовен живот на поранешниот директор на Гугл
Спирова С. | Црнобело
