Топ 10 сериски убијци кои никогаш не се фатени

Според дефиниција, секоја личност која убила три или повеќе лица во период подолг од 30 дена, се смета за сериски убиец.

top-10-seriski-ubijci-koi-nikogas-ne-se-fateni-1.jpg

Проучувањето на сериските убиства е веројатно едно од најтешките, а и покрај него, некој од убијците никогаш не се уловени и осудени.

Ова се 10 такви примери:

1. Собирач на коски

На 2-ри февруари 2009-та година во пустина во САД најдени се остатоци од луѓе. Со детална полициска истрага утврдено е дека се работело за 11 тела на жени, кои се занимавале со проституција. Убиецот никогаш не е фатен, а се верува дека убиствата се извршени за време на годишниот саем.

2. Кливлендски убиец

20 луѓе се убиени помеѓу 1935-та и 1938-ма година, вклучувајќи и еден детектив од кливлендската полиција. Главно се работело за скитници од кои се идентификувани само двајца, а причина за смрт кај повеќето била обезглавување. Убиецот никогаш не е откриен.

3. Фантомски убиец

Во пролетта 1976-та во Тексаркана, град во Тексас, непознат сериски убиец кој секогаш носел маска и напаѓал само навечер, убил 5 луѓе. Според информациите, очигледно бил инспириран од филмот The Town That Dreaded Sundown од 1976-та година.

4. Зодијак, еден од најпрочуените убијци на сите времиња

Зодијак е сериски убиец кој делувал кон крајот на 60-тите години на минатиот век во северна Калифорнија. Самиот си го дал своето име во низата на шифрирани натписи кои ги испраќал до весниците, а неговиот идентитет останал непознат. Случајот и понатаму се води како отворен.

5. Чудовиштето од Фиренца

Во Фиренца, непознато лице убило 16 лица во периодот од 1968-ма до 1985-та година. Никогаш не е откриен неговиот идентитет, а една англиска писателка напишала роман во 1996-та година за неговите злодела, наречен The Monster of Florence.

6. Бела Киш

Бела Киш бил еден од најбруталните сериски убијци на сите времиња. Убил најмалку 24 жени во време на Првата светска војна, а нивните тела биле најдени во метални буриња полни алкохол. Киш никогаш не е уапсен, иако еден детектив бил сигурен дека го видел на Таjмс Сквер во 1932-ра година.

7. Адолфо Констанцо

Адолфо Костанцо е американски сериски убиец, дилер на дрога и водач на култ. Убил 25 луѓе во страшни рутуали, а кога полицијата во 1989-та дошла во конфликт со него, наредил на еден член од неговата секта да го убие, за да не плати за своите злодела.

8. Азбучен убиец

Во раните ’70-ти години на минатиот век во Рочестер, 3 девојки биле силувани и задавени. На сите им било заедничко тоа што имињата и презимињата им почнувале на иста буква - Кармен Колон, Ванда Валковиќ и Мишел Маенза. Главниот осомничен за нивните убиства во 2007-ма година е прогласен за невин, благодарение на ДНК тест.

9. Џон со Библијата

Џон со Библијата е прекар за сериски убиец кој убил 3 млади жени кои ги запознал меѓу 1968-ма и 1969-та година во Глазгов. Никогаш не е фатен, а се претпоставувало дека зад прекарот се крие Питер Тобин, но случајот никогаш не е решен.

10. Убиец на куќни помошнички

Серискиот убиец кој во текот на 1884-та и 1885-та година во Остин, Тексас, убил 8 жени кои работеле како помошнички, никогаш не е изведен пред лицето на правдата. За таа цел на 26-ти декември 1885-та година биле уапсени 400 лица, но монструмот кој бил зад убиствата на куќните помошнички, останал на слобода.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава