Ќе успее ли „Starbucks“ во Италија, земјата на еспресото?

Главниот директор на „Starbucks“, Хауард Шулц, сонувал да ја оствари својата идеја да отвори синџир на кафулиња за време на патување во Милано во 1983-та година.

kje-uspee-li-starbucks-vo-italija-zemjata-na-espresoto-01.jpg

Сега, кога повеќе од 10 години е извршен директор, во април сака да го донесе „Starbucks“ во градот кој ја инспирирал неговата креација.

Глобалниот гигант за кафе најави дека планира да го отвори своето прво кафуле, следната година во Милано.

На простор од 2.369m2 ќе се отвори кафуле кое ќе служи кафиња и храна која се готви на „лице место“ од страна на Италијанецот Роко Принчи.

Отворањето ќе се случи една година откако „Starbucks“ првпат почна да планира да влезе во Италија - земјата која е добро позната по своето еспресо.

Но, дали ќе добие топло добредојде?

Италијанците обично уживаат во своето еспресо од €1 додека стојат пред барот на локалното кафуле, па идејата дека ќе почнат да уживаат во огромно кафе од некој странски „непознат“ синџир на кафулиња, според многумина, нема да оди по желбата на Шулц.

„Италијанците се многу пребирливи за храната која ја јадат и пијалаците кои ги пијат“ - вели специјалистот за храна, Робин Феген.

„Најголемиот дел од нив имаат локален човек кој добро го познаваат, секој ден го гледаат и секој ден пијат кафе кај него. Тешко дека некој ќе успее да им го одземе тоа“ - додава тој.

Тоа е културен судир за кој очигледно „Starbucks“ е подготвен и планира битката да биде бавна, но сигурна, „со голема почит за италијанската традиција“.

Во меѓувреме, како реагираат Италијанците на оваа идеја? 

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">

 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...

Најчитани неделава