На Родос забрането венчавање странци, заради безобразна фотка на младоженци од Англија

Метју Лун ја сподели свадбената фотка со неговата сопруга Карли, клекната во венчаница, додека тој е со симнати панталони, без да очекува дека тоа ќе има крајно сериозни последици.

na-rodos-zabraneto-vencavanje-stranci-zaradi-bezobrazna-fotka-na-mladozenci-od-anglija-1.jpg

Метју и Карли се од Бирмингем и велат дека фотката ја направиле и споделиле заради забава.

Но, неговиот дедо не ја гледа смешната страна, па на кратко изјавил: „Згрозен сум.“

Венчавката се одржала на Родос, Грција, во манастирот Свети Павле, но локалците исто така не биле најсреќни со шегата од венчавката.

na-rodos-zabraneto-vencavanje-stranci-zaradi-bezobrazna-fotka-na-mladozenci-od-anglija-2.jpg

Сега највисокиот епископ на островот, Килиос од Родос, одлучи да ги забрани сите венчавки во овој манастир, за странските државјани.

„Како Грци си ги цениме традициите и светоста на нашите религиски места. Не можеме да дозволиме одвратното однесување да надвладее.“

na-rodos-zabraneto-vencavanje-stranci-zaradi-bezobrazna-fotka-na-mladozenci-od-anglija-4.jpg

Младоженецот се оправда откако фотката предизвика хаос во медиумите:

„Беше нешто што го направивме заради шега. Очекувавме повеќе смеење и шеги од луѓето, но не очекувавме да стане волку популарна.“

na-rodos-zabraneto-vencavanje-stranci-zaradi-bezobrazna-fotka-na-mladozenci-od-anglija-3.jpg

Се потсетуваме и на „безобразните“ младоженци кои ја направија истава фотка, но наместо критики, стекнаа светска слава.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ралф Шумахер ќе се венча со помладиот дечко - свадба во Франција, бившата која правеше драми сега ја... 19 месеци откако откри дека е во геј врска, и по бројни јавни обвинувања со пора...
Американската амбасадорка во Грција критикувана за „вулгарниот аутфит“ на формална вечера во Атина Американската амбасадорка во Грција, која е и поранешна снаа на Доналд Трамп, се...
Кој ја направил фотката од Стивен Хокинг и девојки во бикини од документите на Епстин (и во каков од... Семејството на Стивен Хокинг негира дека покојниот физичар бил вклучен во нелега...

Најчитани неделава