Од вирална фотка до светот на модата: Како се станува модел во денешно време?

19-годишната Анок Јаи била фотографирана на забава на универзитетот Howard, а нејзината фотка предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

studentka-pozirala-na-zabava-i-modnite-agencii-vednash-ja-napadnale-po-instagram-fotkite-01.jpg

Стотици луѓе коментираат, а дури и без да ја познаваат, препорачуваат дека таа треба да биде модел.

Оттогаш, 3 модни агенции се обиделе да стапат во контакт со неа и сега таа e само на еден чекор од остварувањето на соништата.

Целата ситуација започнала така што, фотограф правел фотки за неговиот Инстаграм профил, и ѝ кажал дека слика луѓе облечени добро и дека ги објавува нивните фотографии.

Без размислување, студентката позирала и продолжила понатаму, но фотката која била објавена се прошири вирално.

Фотката има повеќе од 12.000 лајкови, а нејзините нови следбеници, обележуваат модни агенции во коментари, барајќи да ја ангажираат и очигледно планот успеал.

Студентката која во 2000-та година се преселила од Египет во Манчестер, отсекогаш била заинтересирана за мода и уметност и секогаш сонувала да стане модел.

Таа студира биохемија, но сега размислува да почне да се занимава и со манекенство.

„Тоа е сон што отсекогаш го сакав, но не знаев дека ќе се исполни. На почетокот, се прашував што гледаат сите, бидејќи јас не го гледав тоа. Искрено, мислам дека луѓето се толку навикнати на себе во секојдневието, што не ја забележуваат нивната убавина.“

Анок претходно не била многу активна на Инстаграм, но после оваа фотка, веруваме дека ќе имаме можност да ја видиме на повеќе фотографии. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава