Маж ѝ упаднал на фотка на својата сопруга, 11 години пред да ја запознае

За сите оние кои не ја сакаат стандардната романтика, ова е една приказна која ќе ги натера да веруваат во судбината на животот и во тоа дека случајностите не постојат.

maz-i-upadnal-na-fotka-na-svojata-sopruga-11-godini-pred-da-ja-zapoznae-01.jpg

Еден човек од Кина, сосема случајно ѝ упаднал на една жена додека позирала, не знаејќи дека 11 години подоцна токму таа ќе му стане сопруга.

Двајцата се запознале и заљубиле во 2011-та година во Ченгду, главниот град на провинцијата Сичуан во Кина. Но, не знаеле дека всушност двајцата се сретнале во 2000-та година, па дури и имаат заеднички спомен.

Во 2000-та година и двајцата биле на истиот плоштад, а доказ за тоа е фотката на која девојката позира, а нејзиниот „иден сопруг“ се наоѓа во позадината.

maz-i-upadnal-na-fotka-na-svojata-sopruga-11-godini-pred-da-ja-zapoznae-02.jpg

Фотката ја откриле сосема случајно, додека разгледувале стари фотографии кај мајката на девојката, а дечкото се препознал во истиот момент.

„Кога ја видов фотографијата, целото тело ми се наежи.“

Неговата фотка од истото место на истиот ден изгледа вака:

maz-i-upadnal-na-fotka-na-svojata-sopruga-11-godini-pred-da-ja-zapoznae-03.jpg

Сè уште не верувате дека ништо во животот не е случајно?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава