Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


LG Electronics на IFA 2010

lg-electronics-na-ifa-2010-povekjeLG Electronics (LG) своите најнови уникатни и извонредни core технологии ги претставува на IFA 2010, кој се одржува од 3-ти до 8-ми септември. Покрај...

 

...промоцијата на најмодерни апарати за домаќинство, кои на корисниците им помагаат да водат поквалитетен живот, LG исто така ќе открие и безброј инвентивни опции, кои ги збогатуваат животите на корисниците – во позелени, поздрави и поудобни.

Главните атракции на овогодинешната презентација на LG на IFA вклучуваат низа нови производи и функционалности кои за прв пат се претставуваат на европскиот пазар.

Новата машина за перење на LG овозможува поумно и поедноставно перење на ткаенини од секаков материјал; новиот фрижидер ја одржува храната посвежа во поголеми количини; револуционерен, пионерски Solar Combi обезбедува повкусни, природни оброци; и исклучителната правосмукалка ги собира сите нечистотии кои се кријат на подот.

lg-electronics-na-ifa-2010-1

LG веќе одамна е посветен на подигнување на апаратите за домаќинство над доменот на функционалноста со цел да обезбеди нешто подобро во животите на потрошувачите”, изјави Young-ha Lee, претседател и CEO на LG Home Electronics Home Appliance Company.

Со иновативниот 6 Motion овозможен од следната генерација на Inverter Direct Drive Motor, машините за перење на LG обезбедуваат највисок степен на квалитет, со перење толку деликатно и темелно што не се разликува од рачното. А со нашиот иновативен Solar Combi – прв во светот со вграден Charcoal Heater (греач на јаглен) во рерната – потрошувачите добиваат вкус на природна храна и можат да уживаат во повкусна, поздрава кујна, со професионален квалитет, во сопствените домови. 

Фрижидери: LG Донесува Пазар на Свежа Храна во Вашата Кујна

Со најновата понуда на фрижидери, LG ги претставува извонредните предности на иновативната Linear Compressor технологија. На чело на понудата се наоѓа најновиот долен замрзнувач на LG со масивен капацитет за складирање од 385 литри – најголем во класата – кој обезбедува 50 литри дополнителен капацитет во стандардна единица.

Благодарение на Linear Compressor, долниот замрзнувач ја одржува температурата во внатрешноста исклучително стабилна – чувајќи ја храната свежа како од продавница – притоа употребувајќи до 28 проценти помалку енергија од вообичаен фрижидер од A+ класа.

lg-electronics-na-ifa-2010-3

Со ваква ефикасност, новиот замрзнувач на LG им овоможува на потрошувачите намалување на трошоците за електрична енергија до 615 Евра (803 USD) за период од 10 години, споредено со фрижидерите од A-класа (базирано на моменталните проекции за покачување на трошоците за електрична енергија).

Уште поимпресивно, новиот фрижидер на LG ги чува овошјето и зеленчукот посвежи за подолг период благодарение на неговите Opti Temp Zone и Vita Light Zone, кои се официјално одобрени од SLG Prüf-und Zertifizierungs GmbH, водечка германска лабораторија за тестирање. Како сведоштво за неговата трајност, линарниот компресор на долниот замрзнувач на LG доаѓа со 10 годишна гаранција. 

Машини за перење: Уникатниот 6 Motion на LG со вашите алишта се однесува поделикатно

Најновите машини за перење на LG доаѓаат со иновативната Inverter Direct Drive технологија од новата генерација и докажаната 6 Motion технологија. Благодарение на Inverter Direct Drive, најголем дел од новите машини за перење на LG нудат golem kapacitet од 11kg во стандарден 24 инчен простор. Технологијата исто така овозможува двојни придобивки преку намалување на нивото на бучава на само 54dB, и намалување на потрошувачката на енергија до 30 проценти споредено со други машини за перење од A класа. Дополнително, Inverter Direct Drive ја докажува својата исклучителна доверливост со 10-годишна гаранција.

lg-electronics-na-ifa-2010-2

Овозможено од новата генерација на Inverter DirectDrive на LG, уникатниот 6 Motion – со контролирана брзина на вртење, прецизно движење на внатрешниот барабан и лево и десно движење – обезбедува опсег на циклуси оптимизирани за најразлични видови на ткаенини.

Апарати за готвење: Направете го готвењето поприродно и поздраво со револуционерниот Solar Combi на LG

Со претставуње на новата генерација на апарати со Lightwave технологија на IFA 2010, LG исто така ќе демонстрира како нивните погодни апарати за готвење овозможуваат храна приготвена со професионален квалитет и поприроден вкус во удобноста на домот. На IFA 2010, LG исто така ја нагласува MontBlanc линијата, нова функција на Lightwave рерните која обезбедува упатства и нагодувања за рецептите на Guy Martin, признат француски готвач закитен со Michelin ѕвезди.

lg-electronics-na-ifa-2010-4

Годинава, LG го претставува Solar Combi, прва рерна на светот на дрвен јаглен и со T-стабилизатор. Со користење на јаглен како извор на топлина, новата рерна им овозможува на корисниците да готват храна која е поприродна, и која на масата става поздрави, повкусни оброци. Исто толку важно, the Solar Combi ги намалува трошоците за струја до 30 проценти споредено со конвенционалните рерни, притоа скратувајќи го времето на приготвување.

Правосмукалки: Заробува дури и скриена прав и нечистотија која демне на подот

На IFA исто така прикажани ќе бидат и најновите правосмукалки на LG опремени со револуционерната KOMPRESSOR технологија како и интелигентната роботска правосмукалка. Преку овозможување на темелно чистење без напор, KOMPRESSOR технологијата им гарантира како чисти така и хигиенски домови на потрошувачите.

lg-electronics-na-ifa-2010-5

Би можело да ве интересира:

Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал н... Како тинејџерка била принцеза на роденденски забави за деца со посебни потреби, ...
Зошто Доналд Трамп се појави во сино одело на погребот на папата Франциск, додека повеќето светски л... И додека Mеланија Tрамп го испочитува дрес кодот со црна креација и црн вел, зош...
Измамник изнудил 800.000 евра од Французинка – ја лажел дека е Бред Пит и дека му требаат пари за оп... Жена од Франција била убедена дека се допишува со Бред Пит и дека му дава пари з...
Русин спасен по 67 дена во чамец среде студено море, со мртвите тела на брат му и внукот: „Морав да ... Маж од Русија преживеал 67 дена во чамец среде студеното Охотско Море, откако му...
Трансродовата ќерка на Илон Маск го нападна татко ѝ: „Плати цело богатство за да се родам како машко... Трансродовата ќерка на Илон Маск тврди дека милијардерот платил за контроверзна ...
Потресни сведоштва за ураганот Милтон во Флорида: „Кога ќе се вратам дома – се ќе биде уништено“ „Од претходниот ураган месецов, изгубив скоро сè, вклучувајќи го и мојот автомоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg