Вознемирувачко видео - Авион удира во падобран и ги кине јажињата, жената се спаси со помошниот падобран
- Детали
- вторник, 26 мај 2026
На небото во Австрија, во близина на Цел ам Зе, викендов се случуваше вистинска драма, откако авион од типот Cessna 172, удрил во жена која летала со параглајдер. Но, приказната има среќен крај.

На интернет се споделува видео, а го снимила жената која летала со параглајдерот - од моментот кога мирно лета на небото, преку моментот каде во позадина се гледа авионот што се приближува, а потоа удира во падобранот и ги кине јажињата.

Иако ситуацијата е застрашувачка, жената успева да го активира резервниот падобран и безбедно да се спушти на земја.

И пилотот, за кој се знае дека е 28-годишен маж, успеал безбедно да го слета авионот, па целата приказна има среќен крај.

Тој на полицијата, потоа ѝ кажал дека не успеал да го избегне судирот со параглајдерот.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело