Спасени се сите 12 момчиња и тренерот кои беа заглавени во пештера во Тајланд

Во последниов период, целиот свет беше загрижен за ситуацијата во Тајланд и 12-те момчиња кои беа заглавени во пештера заедно со нивниот тренер по фудбал.

spaseni-se-site-12-momchinja-i-trenerot-koi-bea-zaglaveni-vo-peshtera-vo-tajland-01.jpg

Иако ризикот беше голем, веќе подолг период екипите се обидуваа да ги спасат, а по 3 дена интензивно вадење, денес конечно пристигнаа добри вести дека сите се спасени од поплавената пештера.  

Тајландската специјална единица за спасување ја потврди оваа информација на официјалниот Фејсбук профил.

หมูป่า 12 ตัว และโค้ช ออกจากถ้ำแล้ว ปลอดภัยทุกคน เวลานี้รอรับมนุษย์กบ 4 คน ออกมาครับผม Hooyah

Posted by Thai NavySEAL on Tuesday, July 10, 2018

Ова е една од најинспиративните спасувачки мисии на која светот е сведок и за која е благодарен.

Последните извадени момчиња од пештерата моментално се пренесуваат со хеликоптер до болница, а насобраните луѓе одоздола аплаудираат за успешната мисија.

Останатите момчиња кои претходно беа спасени се чуваат во изолација за да не им се пренесе некоја инфекција, но според изворите, се вели дека биле среќни и радосни што се ослободени, а секако чувството на родителите и блиските на овие деца не се опишува.

spaseni-se-site-12-momchinja-i-trenerot-koi-bea-zaglaveni-vo-peshtera-vo-tajland-02.jpg

Премиерот на Исланд е првиот светски лидер кој се огласи за ситуацијата и посака брзо закрепнување на храбрите момчиња.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
Бразилка (63) има посетено над 56 држави: „Внуците не треба да бидат причина да седиме затворени дом... 63-годишната Хосефа Феитоса решила дека нема да биде пензионерка која ќе се затв...
„Ја оставив ќерката тинејџер сама и заминав на викенд – ме дочека хорор во домот“ „Ако поканите некого во вашиот дом и нешто се случи, дали е виновен тој што ја н...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg