„Чувствувам како да живеам во два света“ - Медицинска сестра го открива гламурозниот живот надвор од болница

Моделот Бруклин Кели била дел од модни кампањи, се забавувала на Ибица, уживала во луксузните одмори и прошетала на пистите на интернационални модни ревии.

chuvstvuvam-kako-da-zhiveam-vo-dva-sveta-medicinska-sestra-go-otkriva-glamurozniot-zhivot-nadvor-od-bolnica-01.jpg

Но, додека нејзиниот живот однадвор изгледа гламурозен и безгрижен, 25-годишната девојка има и друга страна која ретко кој ја гледа – кариера во медицина.

Иако таа немала посебна желба за манекенството, на 18 години била повикана од модна агенција и уште пред да стане свесна, веќе била ангажирана за повеќе австралиски модни брендови како Billabong, UGGS Australia, Princess Polly и други.

Потоа одлучила да си ја проба среќата на интернационално ниво, па од Лос Анџелес била испратена во Лондон, живеела со други манекенки, стекнала пријатели и го прославила роденденот на Ибица пред да се врати на работа во Австралија како медицинска сестра.

chuvstvuvam-kako-da-zhiveam-vo-dva-sveta-medicinska-sestra-go-otkriva-glamurozniot-zhivot-nadvor-od-bolnica-02.jpg

Медицината не било нешто што Бруклин го замислувала како кариера, посебно затоа што го изгубила интересот за училиште на 17 години.

Но, таа ја почувствувала потребата за учење медицина кога еднаш нашла жена на која ѝ требало помош, а тоа што ѝ помогнала ѝ било најдоброто чувство, па тогаш посакала да стане медицинска сестра.

На 21 година почнала да учи и да оди на пракса како медицинска сестра, и иако ѝ требало повеќе време заради можностите за интернационална манекенска кариера, таа постигнала да заврши до 2016-та.

Потоа решила да патува пред да почне да студира за диплома од која сега ја двојат само неколку испити, а таа успешно се справува со двете полиња од животот.

„Да се студира како редовен студен може да биде многу тешко, посебно како медицинска сестра, бидејќи има многу испити, предавања, вежби и пракса. Секогаш велам дека се чувствувам како да живеам во два посебни света. Тоа што им помагам на луѓето ми ги отвори очите и ме приземји и го сакам тоа што го правам. На социјалните мрежи следбениците гледаат само една страна од мене, но постои уште еден цел свет кој никој не го гледа освен луѓето на кои им е потребна помош.“

И покрај зафатениот распоред, најважно ѝ е да остане здрава и во добра форма, а најмалку 4 пати неделно оди во теретана.

Внесува само здрава храна, полна со витамини и протеини, а наместо второ кафе секогаш бира зелен чај.

Бруклин Кели е доказ и инспирација за сите оние кои мислат дека не можат да постигнат - таа успева да постигне во секое поле, да се справи со медицинската кариера и да се исполнува со манекенската кариера и патувањата. 

  М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава