11 фото докази кои прикажуваат како влијае топлотниот бран на светот и природата
- Детали
- петок, 10 август 2018
Во последниов период, земјата е зафатена од топлотни бранови кои достигнуваат рекорди, а секако тоа си носи свои последици.

Иако кај нас годинава не почувствувавме огромни и неподносливи летни горештини како претходно, сепак во некои земји температурата го достигнува рекордот.
Пожари во Грција и Калифорнија, смртни случаи од високите температури во Јапонија, исушени езера и уништена природа се дел од последиците.
Погледнете низ фотки како влијае топлотниот бран кој го зафати светот ова лето:
Езерa преполни со луѓе на гумени базени, чамци и душеци кои се разладуваат.

Сушите низ светот предизвикуваат проблеми во земјоделската индустрија.

Езерата низ цел свет почнуваат да се сушат заради топлотните бранови и општо, глобалното затоплување.

А земјата почнува да гори и пожарите земаат поголем замав (пожарите во Грција).

Плажите стануваат преполни од луѓе кои имаат потреба да се разладат.

Толку е сериозно, што во Швајцарија хеликоптерите почнале да пренесуваат вода за кравите на планините кои се соочуваат со суша и жед.

Она што вообичаено е зелена, живописна трева, сега е исушена и со жолто-кафеава боја.

Во Италија масовно се полнат шишиња со вода од фонтаните за да се издржат горештините.

Други пак, се прскаат и разладуваат со вода среде плоштади во Полска.

Во Јапонија, има повеќе од 70.000 хоспитализирани во текот на овие 3 месеци, а повеќе од 100 смртни случаи, заради жештините и рекордната температура од 41˚С.

Калифорнија моментално се соочува со најголемиот пожар во историјата на државата

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме
Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата
„Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ...
Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув...
Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео)
Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...